Проф. Д-р Анте Поповски

назад

Оксидативниот стрес е нормална појава кај здрави индивидуи во процесот на создавање на енергијата која ни е неопходно потребна за живот. Во текот на овие процеси се создаваат слободните радикали кои имаат свои физиолишки позитивни функции. Проблемот настанува кога ќе се поремети оваа рамнотежа при откажување на природните механизми на одбрана на организмот, нивото на слободните радикали се зголемува, се менува оксидативниот статус и организмот навлегува во зоната на зголемениот оксидативен стрес, односно во состојба на висок ризик за настанување на најразлични пореметувања и заболувања.

Штетното влијание на слободните радикали во оксидативниот стрес, се манифестира во настанувањето на многу акутни и хронични заболувања како што се хроничните воспалителни процеси – реуматоиден артрит, васкулит, невролошки заболувања – Алцхајмеровата болест, Паркинсоновата болест, церебеорваскуларни оштетувања, срцеви заболувања, хипертензија, артериосклерозата, нерводегенеративни заболувања, малигни заболувања и слично.

Преку 30 % од популацијата манифестира симптоми на оштетување на организмот поради чувствителноста на времето и временските промени. Тие се жалат на малаксаност,намалена работна способност, напнатост, нервоза, нерасположение, депресивност, главоболки, несоница. Имаат ревматски потешкотии, проени во крвниот притисок. Како последица на ова се случуваат и мозочни удари.Оваа состојба на организмот се нарекува метереопатија.

Пореметувањето на внатрешната средина на организмот под влијание на промената на надворешните временски фактори, условува и појава на поизразит оксидативен стрес кој ги нарушува нормалните функции на организмот и условува хронична појава на заболувањето.Често нерегулиран крвен притисок, може да предизвика појава на мозочен удар, забрзан развој на артериосклерозата, постепено намалување на способноста на развивање и сваќање на обврските, појава на деменцијата.

За да се сочува здравјето од несаканите влијанија од надворешната средина врз организмот, посебно кај метереопатите, да се намали дејството на оксидативниот стрес се применуваат антиоксиданти, витамини, рибино масло, Ге 132, Ге 132+ Натурал.

Процесот на оксидацијата е дел на регулаторното биохемиско функционирање на нашето тело во процесот на создавање на енергијата која ни е неопходна за живот. Оксидативниот стрес е нормална појава присутна и кај здрави индивидуи. Во нормалниот молекул, јадрото е опкружено со пар на негативно наелектризирани електрони. Доколку дојде до одстранување на едниот електрон, преку процесите кои се нарекуваат оксидација, молекулот станува нестабилен и деструктивен, се јавуваат слободните радикали кој ги напаѓаат соседните биомолекули во средината во која се наоѓа, така да со неговото дејствије доаѓа до создавање на нови слободни радикали, односно настанува една ланчана реакција, со сите свои последици на оштетување на организмот.

Слободните радикали се нестабилни молекули, со зголемена реактибилност, кои во организмот стапуваат во хемиска реакција со деловите на клетките ( протеини, липиди, јаглен хидрати, молекули на ДНК), при што доведуваат до биохемиски, структурни и функционални пореметувања.

Антиоксиданси се материи кои помогнуваат на организмот да се намалат оштетувањата настанати поради делувањето на слободните радикали.

На основа на многубројни истражувања се дошло до сознание дека слободните радикали се одговорни во настанувањето на акутните и хроничните пореметувања кои се манифестираат како воспалителни процеси, невролошки и кардиоваскуларни пореметувања, малигни заболувања.