Др.Драгица Зенделовска

назад
Др. на хемиски науки и експерт по нутриција или интегративна медицина

Слободните радикали се нестабилни молекули со голема реактивност кои во организмот учествуваат во голем број реакции кои доведуваат до биохемиски, структурни и функционални пореметувања.

Од друга страна, пак, антиоксидансите се биолошки активни материи кои го отстрануваат вишокот на слободни радикали и помагаат во намалување на оштетувањата настанати од нивното влијание. На тој начин спречуваат развој на оксидативен стрес.

Оксидативен стрес е состојба на нарушено здравје која настанува тогаш кога прооксидансите (слободните радикали) ги совладуваат механизмите на антиоксидативна заштита на организмот. Всушност се работи за состојба на организмот во која е пореметена редокс рамнотежата така што доаѓа до зголемена продукција и намалена способност на неутрализација и елиминација на слободните радикали.

Оксидативниот стрес е нормална појава и кај здрави лица. Во текот на процесите на оксидација во организмот се создаваат слободни радикали кои имаат физиолошки позитивни функции. Но проблемот настанува кога нивото на слободни радикали ќе го надмине телесниот капацитет и телото влегува во зона на зголемен оксидативен стрес. Покрај овие (ендогени) извори постојат и егзогени (надворешни) извори и влијанија кои предизвикуваат зголемена продукција на слободни радикали (конзумирање на преработена храна, животински масти и алкохол, дим од цигари, загадена околина, адитиви, пестициди, лекови, зрачење па дури и зголемена физичка активност).

Оксидативниот стрес предизвикува оштетувања на клеточно ниво (липиди, протеини, ДНК) што е добар почеток за развој на болест на органи или органски системи. Игра важна улога во патогенезата на стареењето. Всушност слободнте радикали се одговорни за настанување на акутни и хронични пореметувања кои се манифестираат како воспалителни процеси, невролошки пореметувања, кардиоваскуларни пореметувања, малигни заболувања. Оксидативниот стрес е најголем непријател на имунитетот. Ако се земе предвид комплексноста на овој систем може да се каже дека имунолошкиот систем е најосетлив на дејството на оксидативниот стрес (по принцип, сложените системи први се расипуваат). Резултат е зголемена подложност на инфекции, промена на крви садови и пореметувања во циркулација.

Најважна е превенцијата од оксидативен стрес која можеме да ја постигнеме со здрав стил на живеење, урамнотежена исхрана и умерена физичка активност. Современиот и динамичен живот не секогаш ни остава време за овие активности. Секако еден од најдобрите начини за да му помогнеме на нашиот организам е дополнителен внес на антиоксиданси со цел спречување на појава на оксидативен стрес и одржување на виталноста на нашиот организам.

На нашиот пазар постојат современи препарати кои содржат антиоксиданси, но најдобро е да се користи препарат кој содржи комбинација на високоефикасни антиоксиданси кои ќе обезбедат силна антиоксидативна заштита.

Ge132+ и Ge132+Natural се комплексни антиоксидативни препарати кои може да се користат за превенција и третман од оксидативен стрес. Моќни формули кои ја зголемуваат општата здравствена состојба на организмот, го регулираат зголемениот крвен притисок, ги зајакнуваат одбранбените функции на имунолошкиот систем, поседуваат хепатопротективен ефект и се дополнителна терапија кај малигни заболувања особено кај канцер на простата, аденокарцином на дојка, колоректален аденокарцином и аденокарцином на бели дробови.

Ge132+ и Ge132+Natural се производи кои треба да бидат дел од нашата стратегија за квалитетно преживување. Бидејќи на крајот, од нас зависи што ќе направиме од нашиот живот. Нас нè не создава судбината, туку ние сме она што сами од себе ќе направиме.

Doktori