Д-р Маја Петаноска

назад

Предвременото страреење на кожата, може да се спречи

Епидермисот или површинскиот слој на кожата е составен од околу 30-тина слоеви на клетки. Секој ден, нова генерација на клетки се произведува од базалниот слој, што значи дека епидермисот комплетно се обновува за 30 дена. Процесот на стареење на кожата многу зависи од внатрешноста на организмот. Колку поголем оксидативен стрес, толку побрзо стареење на кожата. Употребата на антиоксиданси може да го забави стареењето на кожата преку елиминирање на оксидативниот стрес. Процесот на старење започнува со намалување на фунцијата на кератиноцитите од базалната мембрана и создавање на слој од епидермис кој е тенок, со широки интрацелуларни простори и без доволно вода. Фибробластите кои се одговорни за создавање на колагенската и еластинската мрежа во кожата ја намалуваат својата фунција. Притоа се создава помалку колаген со лош квалитет кој брзо се распаѓа и доведува до губење на тонусот на кожата. Структурата на колагенот може да се зачува со редовно внесување на антиоксидански како на пример витамин Ц и посебно Ге132.

Тоа е најзиазено во текот на ноќта кога клетките имаат моќ за регенерација, микро циркулацијата е зголемена со цел се повеќе активни состојки да навлезат длабоко во кожата. Во текот на денот кожата претставува одбрамбена бариера кон надворешните штетни влијанија: соларната радијација, УВ зрачења, дехиратацијата и климатските фактори. Како резултат на надворешните агенси и загадувањето во кожата се создаваат слободни радикали кои немилосрдно го уништуваат новосоздадениот колаген, ја намалуваат и ја успоруваат микроциркулацијата, ги депонираат распадните продукти во сите слоеви од кожата така таа е изложена на предвремено стареење тнр. фотостареење. Антиоксиданосот Ге132 го забавува фотостареењето на кожата на тој начин што делува во обновување на колагенот. На тој начин кожата остабува млада и свежа.

Производите, креми или серуми, кои се користат за дневна нега треба примарно да се хидратантни, заштитни и со основна цел да ја зајакнат отпорноста на кожата од предвременото стареење. Најчесто тие во својот состав соджат витамини А,Ц,Е пантетонска к-на, биотин, минерали во трагови, дермоактивни молекули или комплекс на антиоксиданси. Целта на сите овие состојки е да навлезат што подлабоко во кожата и да се ослободат во вистинската концентрација или облик за да може клетката да ги искористи во своите циклуси. Моја препорака е комбинирање на козметиката со земање на додатокот во исхраната Ге132. На тој начин, со комбинирање на надворешното и внатрешното третирање на кожата се добива идеален резултат. Сепак, внатрешноста се отсликува преку надворешноста. Кожата е огледало на нашата душа!