Стресот предизвикува мигрена, затоа елиминирајте го!

назад

научен соработник д-р Арбен Таравари-невролог

Главоболките се најчестиот симптом во медицината. Речиси не постои болест која не е проследена со некој тип на главоболка. Во нив, меѓу останатите, спаѓа и синдромот на мигрена. Може да биде предизвикана од стрес кој не секогаш може да се избегне. Но, техниките на смирување можат да го олеснат стресот, намалувајќи ја на тој начин појавата или интензитетот на мигрена.

Какви типови главоболки постојат?

Генерално постојат два типа на главоболки. Првите се примарни кои се јавуваат сами по себе како болест, а вторите се секундарни, каде главоболката е симптом на некоја друга болест како инфаркт на мозок, воспаление на мозок или друго. Овие секундарни главоболки се делат на три типа и тоа мигрени, кластер главоболки кои се единствените главоболки кои се јавуваат почесто кај мажи и тензиони или псилогени главоболки. Од сите главоболки, околу 20% се мигрени, а останатите 80% се тензиони главоболки.

Факт е дека никој не е имун на мигрена. Дали и како може да се препознае?

Критериуми за мигрена се да трае од 4-82 часа, потоа да е хемиграмија, да боли половина глава и болката да е пулсирачка, односно болката да се појавува и да се губи. Покрај горенаведените критериуми кај мигрените има и фотофобија, односно на пациентот му пречи светлина, звук, му се гади и му се повраќа. Ако кај пациентот има и аура, најверојатно се работи за мигрена. Аура значи промени во видот на пациентот, при што гледа дупло или има чудно чувство за одредени делови од своето тело. Таа трае од 4-60 минути и не треба да се помеша со продромален стадиум кој означува чувство на пациентот дека му следува мигренозна болка. Тој продромален стадиум е различен кај секој пациент кој пати од мигрена. На пример, некои ќе ви кажат дека се понервозни, им пречат луѓе, имаат опстипација, а некои пак не знаат да опишат што им се случува, но знаат дека им следува мигренозен напад.

Постои ли ризична група на пациенти и каков е соодносот жени-мажи?

Генерално, мигрената се јавува кај сите. Посебно е нагласена кај жените почнувајќи од 10, 15 години па нагоре. Во однос на половите, мигрената почесто се јавува кај жените заради хормоналниот фактор во сооднос 2 спрема 1.

Дали стресот влијае на појавата на мигрена?

Стресот е меѓу првите тригер фактори или фактори кои ја предизвикуваат мигрената. Тој на личностите кои патат од мигрена дополнително им го загорчува животот. До денес не се знае кои се точните причини за појавата на мигрена. Се смета дека е наследна и може да биде предизвикана од многу фактори. Покрај стресот, влијание имаат и: алкохолот, цигарите, чоколадата и стимулансите на централниот нервен систем како: кафе, кока кола, силни звуци итн.

Како се лекува мигрената?

Покрај конвенционалните лекови како што се на пр. Авамигран, Номигрен, голем број на нестероидни антиинфламаторни лекови, аналгетици итн., многу е важна и аѓувантната (дополнителна) терапија како дополнување на класичната. Имено, стресот и појавата на слободни радикали во организмот е причина за појава на многу невролошки заболувања меѓу кои и мигрената. Затоа, при терапија на мигрена потребно е да се даваат и антиоксиданси. Тие го неутрализираат оксидативниот стрес и придонесуваат поретка појава на болеста. Кога станува збор за антиоксиданси, најчесто се користи витамин Е, но уште поефикасно е користење на органски германиум или препаратот Ге132.

Може ли превентивно да се делува?

Да и тоа со веќе споменатиот антиоксиданс Ге132. Тој може да се комбинира со некоја релаксирачка активност кои заедно ќе помогнат стресот да се стави под контрола.