Што најмногу нè боли во пролет?

назад

проф. д-р Љупчо Каревски, ортопедски хирург

Ишијалгијата или народски позната како ишијас не е една болест, туку е сет на симптоми кои го одразуваат притисокот на еден од корените или на самиот нерв. Симптомите особено се изразени во пролет кога покрај топло време имаме ветар и висока влажност на воздухот.

Какво заболување е ишијасот?

Во светот, ишијалгијата, ишијасот или крстоболката е најголем социо-економски проблем кој е близок до другите ортопедски проблеми како што е на пример остеопорозата. Болеста се дијагностицира со ортопедски преглед во кој се користат неколку специфични тестови. Ишијалгијата е анатомски најдолгиот човеков нерв кој се формира во крсниот дел на ‘рбетот и оди по целата должина на ногата. Кога нервот е притиснат во горниот дел, болка се чувствува во долниот дел, т.е. во палецот и потколеницата. Во текот на интензивна болка, ишијасот е инвалидизирачка болест. Споменатиот нерв е мешовиот нерв, зашто преку него одат импулсите за мускулите и сетилата за допир, топло-ладно и други. При проблем, пациентот го чувствува како жарење, болење, неможност за одредено движење, како пареза на пример. Тегобите произлегуваат во зависност од тоа кој сегмент на нервот е притиснат.

На кој начин се лекува болеста?

Суштината на лекувањето е во локална апликација на лековити супстанции кои обезбедуваат ослободување на нервот. Во пракса имам пациенти кои се жалат на хронични болки во крстот кои траат со месеци. При вакви случаи мора да се препознаат т.н.р. ентезитички три точки каде се аплицира лек кој покрај обезболување обезбедува намалување на влечење на мускулатурата покрај ‘рбетот. Вака се ослободува притисокот на нервот и ишијалгијата засекогаш поминува. На овој начин се дава минимум лек на точно определено место за да се постигне максимален ефект, т.е. излекување.

За да се постигне ова, дали пациентот при првите симптоми треба да дојде на преглед?

Тоа е основно и најважно нешто за пациентот, навремено да се јави на доктор, веднаш по акутната болка. За жал оваа ситуација кај нас е реткост, зашто најголем дел од пациентите се јавуваат кога имаат хронична болка

Постои ли начин превентивно да се делува?

Се разбира дека постои. Неслучајно сакам да потенцирам дека секој превентивен преглед е суштината во медицината, бидејќи само така навремено може да се отрие некој проблем кој ефикасно може да се реши. Првите симптоми, иако можеби не се симптоми на некоја болест, може да ни укажат за што точно се работи, по што пациентот ќе има најголем бенифит, т.е. излекување или значително подобрување на почетната состојба. За нас докторите секој пациент е експеримент за истражување и ново искуство.

Од лично искуство, што научивте од пациентите кои превентивно доаѓаат на ортопедски преглед?

Во мојата пракса имав можност да прегледам над 15 илјади пациенти. Истражував да откријам на што се должи фактот што овие пациенти немаат некој ортопедки проблем или што на некој начин ја одложуваа неговата појава. Од стотина пациенти кои доаѓаа на превентивни прегледи кај 70% од нив утврдена е употребата на антиоксиданси. Овој факт за мене беше вистинско откритие кое ми одговори на прашањето дека тие пациенти покрај здравата исхрана земале додатоци во исхраната. Тоа првенствено се однесува на антиоксидансот Ге132 кој како производ овозможува функција на делување 1:10 во однос на останатите антиоксиданси (кои се со помал степен и секој од нив со доминантна функција). Овој факт го предизвика моето внимание за користењето на Ге132, не заради неговите специфики, туку заради содржината на ефектите кои на директен и индиректен начин делуваат врз здравјето на коската и понатаму врз целиот организам. Тој не е монолитен додаток во исхраната, туку во себе содржи пет компоненти и има механизам на апсорпција на т.н.р. детоксикациони процеси. Овој тренд кој го применуваат пациентите ние само го бележиме и ги истакнуваме позитивните ефекти.