Стопирајте го стареењето на кожата!

назад

д-р Маја Петаноска, дерматовенеролог

Стареењето на кожата е физиолошки процес кој е нормален со текот на годините. Колку брзо, односно бавно ќе се одвива тој процес зависи од начинот на живот, исхраната и најмногу, од влијанието на стресот. Внесувањето антиоксиданси може да го стопира процесот и да обезбеди убава, здрава и мазна кожа.

Зошто на иста возраст некои луѓе имаат повеќе, а некои помалку брчки?

Стареењето е еден комплексен процес кој вклучува стареење на кожата, поткожното ткиво, циркулацијата, мускулното ткиво како и на лицето така и на телото. Генот како и типот на кожата се одговорен зошто некој старее побрзо, а некој побавно. Но, покрај овие внатрешни фактори значајни се и надворешните фактори како климата, штетните УВ зрачења, штетните загадувачи од околината во која престојуваме, нездравиот и несреден начин на исхрана, лошите навики и стресот кој е број еден за предвремено стареење.

Дали секојдневниот начин на живот и навиките влијаат на стареењето на кожата?

Нормално, секојдневното темпо на живеење прави да старееме и во умот и во кожата. Последиците од тоа кај некого се повеќе, а кај некого помалку изразени.

Кога го споменувавте стресот, што тој и прави на кожата и какви промени се јавуваат во нејзината внатрешност?

Стресот доведува до предвремено стареење на кожата со тоа што ги оштетува здравите клетки кои неповратно се оштетуваат. Затоа навреме треба да се преземат мерки за запирање и превенирање на овој процес. Решение се антиоксиданси кои може да се внесат преку храната, а ако тоа не е возможно треба да се користат како додатоци во исхраната. На тој начин ќе му се помогне на организмот да се справи со стресот. Пример за добар додаток во храната е Ге132 кој може да придонесе за превенција на стресот, односно превенција на стареењето на кожата.

Што се случува во кожата кога таа старее?

Во тој процес настанува повеќекратно намалување на циркулацијата, кожата станува тенка, побавно се регенерира. Притоа, се создава колаген и еластин кој што е неквалитетен и кршлив и како резултат на земјината тежа кожата почнува да свиснува, да се појавуваат линиички и брчки, а подоцна и длабоки линии и брчки кои што се гледаат на лицето.

Во која фаза од процесот треба да се побара помош од дерматовенеролог?

При првите знаци на дехидратација на кожата и појава на ситни флекички или крвни изливи на лицето, човек треба да се јави на дерматовенеролог. Тоа е потребно за најпрво да се направат поблаги третмани заедно со масажи за поттикнување на циркулацијата во кожата и активирање на хипотрофираната мускулатура и одбирање на козметичка линија. Во секој случај, пристапот на третман е индивидуален кај секого и мора да се напомене дека не е доволно само третирање на кожата без внесување на антиоксиданси внатрешно, затоа што само во комбинација на овие две работи ефектот против стареење на кожата ќе биде постигнат.

Постои ли начин да се биде чекор пред стресот со цел да го забавиме стареењето на кожата?

Многу е важно кој стрес го доживуваме и како тој делува на организмот. Ако човекот 90 % од времето кое го минува на работа и дома е под стрес и нервоза тоа значи дека треба да се менува нешто. И најскапите третмани на лице нема да помогнат во овие ситуации. Стресот останува да делува негативно и понатаму. Многу е важен менталниот склоп како да се справиме со стресот. Тоа може да се направи преку соодветна физичка активност, некое хоби со кои всушност ќе го превенираме стресот. Како и секоја друга болест така и стресот може да се превенира. Тоа значи дека треба ментално да зајакнеме, да знаеме за што треба, а за што не треба да се нервираме. За да бидеме чекор пред стресот потребно е да имаме правилно избалансирана исхрана, физичка активност, добар сон, дружење со пријателите, позитивни мисли. Само на овој начин ќе бидеме пред стресот и ќе го успориме предвременото стареење на кожата. Би сакала да напоменам дека исхраната е еден од најважните фактори за тоа. Во денешно време ретко кој има време и можност да обрне внимание на неа па затоа препорачувам користење додатоци во исхраната од типот на витамини, минерали како и антиоксиданси кои се најважни. Најчести антиоксиданси кои се користат се коензим Q10, витамин А, Е, селен, цинк. Но, како најдобар во моментов во светски рамки се препорачува органскиот германиум кој оди на местата каде е потребен толку колку што е потребен и затоа уште се нарекува паметен суплемент.