Еве решение за прекин на дишење во сон?

назад

спец. д-р Маја Кирјас, оториноларинголошки хирург

Апнеата или прекинот на дишење при спиење настанува заради недоволна снабденост на организмот со кислород. Оваа појава е најчеста причина за мозочен излив, срцев инфаркт, етиолошки неразјаснетата хипертензија (зголемен крвен притисок) и артеросклеротични промени.

Што треба да се случи за да се констатира појава на апнеа?

Кога ќе се случи прекин на дишење за време на сонот со времетраење од 10 секунди и повеќе, најчесто повеќе од 20 пати во еден час. Ако се направил вечерен тест-„полисомнографски”, кој е неопходен да се одреди типот на апнеа ќе воочите три важни моменти.

1. Дали апнеата е од мозочно потекло (дали нашиот мозок едноставно не дава сигнали дека треба да дишеме),

2. Дали можеби е опструктивен тип на апнеа-каде најчесто постојат пречки во меките структури во горните дишни патишта или

3. Апнеата е од мешан тип.

Без ваква дијагностика секое лечење би било погрешно. Кога зборуваме за опструктивна апнеа-„опструктивниот синдром” настанува за време на сонот кога тонусот на целата мускулатура е намален, а воедно и мускулатурата на оро-фарингеалниот простор (горниот дел на грлото).

Кои се најчести причини за опструктивна апнеа?

Искривена носна преграда, задебелување на меките структури во носот(конхи) поради алергиска или воспалителна природа, полипи во нос, трет крајник, зголемени крајници, зголемена база на јазик, зголемена ресичка како резултат на вродена малформација или алергија. Важно е да знаеме дека при нормалното вдишувањето се реализира внесување на кислород до белодробното ткиво, односно до крајните алвеоли, додека при нормалното издишување воздухот под притисок на интеркосталната мускулатура на тораксот е исфрлен надвор. Актот на дишење значи дека вдишаниот воздух навлегува низ носните ходници кои имаат специфична анатомија, прават ротационо движење на истиот во правец на ларингсот и трахеата. Откако воздухот добива забрзување со ротационото движење, доаѓа до последниот дел на белите дробови-алвеолите. Најважниот момент кој настанува кога постои пречка во вдишувањето и издишувувањето на воздухот за време на опструктивна апнеа е кога на ниво на нос, хипофарингс, трахеа постои пречка-опструкција и се нарушува внесувањето на кислород и изнесувањето јаглероден диоксид од организмот.

До што може да доведат опишаните состојби?

Сите тие доведуваат до комплетен стрес во организмот, зголемување на адреналинот, зголемена периферна и централна васоконстрикција или стегање на крвните садови, а со тоа и покачување на крвниот притисок.

Како во вакви случаи можеме да го заштитиме организмот?

Бескислородните клетки во организмот неопходно е под итно да се вратат во нормална состојба. Само така организмот првенствено ќе се заштити од мозочно и кардиоваскуларно страдање. Според Институтот за генетика во Охајо како и научно-истражувачката лабораторија на влијателниот универзитет во Токио „Hachioji Medical Centre of Tokio Medical Centre”, кај сите пациенти со опструктивна и мозочна апнеа е дадена природното комплетно соединение Ге132. Постоперативно, тој се давал како додаток во исхраната покрај медикаментозната терапија. Како најсилен и најмоќен антиоксиданс се препорачува да се зема и во превентивни цели.

Која хируршка интервенција ја препорачувате како решение?

Минимално инвазивната метода која се употребува во светските центри за решавање на опструктивната апнеа е „Радио-фрекфентна аблација” (Сомнопластика). Оваа метода, всушност користи енергија од радиофрекфентни бранови за намалување на зголеменото ткиво кое го попречува дишниот пат (непцето, ресичката, базата на јазикот, крајниците, носните промени). Методата не само што е фаворизирана во оториноларингологијата (хирургија на уво, нос и грло), туку и во сите хируршки области. Причини за тоа се повеќе: станува збор за краткотрајна интервенција која трае 10 минути и е бескрвна, безболна, се реализира во локална анестезија по што пациентот веднаш е работоспособен и може да продолжи со тековните активности.