Лошите момци во организмот можат да бидат убиени

назад

проф. д-р Кочо Димитровски-трансфузиолог имунолог

Доколку не постои имуниот систем човековиот организам не би бил тоа што е. Овој систем се развива во човековиот организам уште кога фетусот е во утробата на мајката. Неговото значење е многу важно, бидејќи делува како одбранбен механизам против сите предизвикувачи на болести, вклучително и стресот.

Дали и на кој начин стресот влијае врз имуниот систем?

Да, стресот влијае врз имуниот систем и тоа преку оската хипоталамус хипофиза и кората на надбубрежната жлезда при што се лачи хормонот кортизол кој е кортикостероид кој што има имуносупресивно дејство. Имунитетот може квантитативно да се измери преку бројот на бели крвни зрнца чиј што број кортизолот го намалува како што ја намалува и функцијата на некои клетки како што се клетките природни убијци (NK-natural killers).

Какви видови на стрес постојат?

Стресот се дели според интензитетот и времетраењето и следствено, постојат акутен и хроничен стрес. Акутниот стрес трае кратко, но е многу интензивен и предизвикува состојба на аларм во организмот и тој треба да одлучи дали ќе се бори или ќе бега (fight or fly). Во таа ситуација на борба се лачат кортикостероиди, катехоламини и адреналин. Тие го подигнуваат крвниот притисок и ја редистрибуираат крвта во мускулите од дигестивниот тракт за да може организмот да се справи со стресот и се оди во кинетичка насока при што е засегнат и имуниот систем кој се намалува. Од друга страна, хроничниот стрес трае подолго време. После акутниот стрес има време за релаксација пришто организмот се враќа во нормала. Но, хроничниот стрес е проблематичен, зашто трае повеќе денови, недели па и месеци и организмот нема време за релаксација и доаѓа до појава на сите симптоми на стресот како што се лошо спиење, анксиозност, напнатост, депресија, главоболки. Дури, се јавуваат и некои психосоматски заболувања како чир на дванаесетпалачно црево, дијабет, пореметување на функцијата на тироидната жлезда итн.

Постои ли начин да се биде пред стресот и да ги превенираме неговите штетни влијанија?

Акутниот стрес потешко се превенира, бидејќи претставува брза акција-реакција. Кога организмот би бил во добра здравствена состојба, неговото влијание би било помало. Луѓето кога консумираат алкохол против стрес или пушат за да се опуштат прават голема грешка. Стресот не се решава со алкохол и цигари. На тој начин само се намалува имунитетот исто како и при стареење. Тоа се случува заради слободните радикали кои остарениот организам не може да ги елиминира лесно и во комбинација со стресот доаѓа до сите оние дегенеративни заболувања како Алцхајмерова болест, ревматски артритис, деменции па дури и канцер. Слободните радикали или „лошите момци”се молекули или клетки со неспарен електрон кој тежнее да биде спарен на штета на соседен молекул или клетка која бива оштетена и тоа оди верижно ако не се спречи.

Може ли да ги спречиме, т.е. да ги убиеме овие „лоши момци” како што ги викате слободните радикали?

Секако дека може да ги убиеме, но само доколку имаме квалитетен арсенал. Лошите момци се спречуваат со „добрите момци” кои всушност се антиоксидансите. Тие ги неутрализираат слободните радикали без да се оштетат и на овој начин се заштитува здравјето на организмот. Постојат многу антиоксиданси, од кои би го издвоил Ге132 кој благодарение на реиши печурката и останатите природни компоненти е моќен имуномодулатор и имуностимулатор. Освен што ги лови слободните радикали, тој делува превентивно во заштита на целиот имун систем и се забавува стареењето. Впрочем и долговечноста на Јапонците се должи токму на овој препарат кој е додаток во исхраната и во применувањето на техниките на релаксација, како јога и медитација на пример. Додека западната медицина ги лекува симптомите од веќе настанати болести, источната медицина е превентивна, таа не дозволува да дојде до болест и го сочувува здравјето.

Се води ли сметка за превентива кај нас?

Иако е многу важна, кај нас и населението и докторите ретко водат сметка за превентивата. Затоа јас покрај здравата исхрана, препорачувам користење на додатоци во исхраната како антиоксиданси, витамин Д, релаксација преку пешачење, читање добра книга, гледање добар филм и доволно сон, најмалку седум часа. Со сето ова стресот ќе биде намален и болестите нема толку често да се јавуваат.