Спасете се навреме од епидемијата на нашето време!

назад

д-р Лилјана Ацева Андонова, радиотерапевт и онколог

Секоја година 4-февруари се одбележува како Светски ден на ракот. На овој начин се дава посебен акцент на малигните заболувања, кои по кардиоваскуларните болести се наоѓаат на второ место по честота на јавување. За жал, нивниот број рапидно се зголемува и во иднина се очекува тие да бидат водечка причина за смртност во светот и во Македонија.

Со оглед на Вашето практично искуство и ангажман како главен и одговорен уредник на порталот rak.mk и претседател на Центарот за трансфер на знаење „Самосвест”, што претставуваат малигните болести за човекот?

Малигните заболувања преставуваат глобален здравствен проблем. Експертите од Светската здравствена организација ги нарекуваат „глобална канцер криза”. Тие се епидемија на нашето време или епидемија на цивилизацијата. Секоја година во светот се дијагностицираат 12 милиони нови случаи на заболени од некој карцином. Како последица на болеста, секоја година во светот починуваат 7.6 милиони луѓе.

Каква е ситуацијата во Македонија и кои се најчести канцери?

Кај нас секоја година се дијагностицираат над 6 илјади нови случаи од некое малигно заболување и оваа бројка, за жал, од година во година расте. Најчести се: канцер на дојките, на грлото на матката, на дебелото црево, на белите дробови и на простата. Сакам да нагласам дека ракот може да се победи ако навреме се открие.

Која е причината за се почеста појавува на малигните заболувања?

а нивна појава не постои конкретен етиолошки фактор или причина. Станува збор за комплексно делување на повеќе фактори: генетиката, начинот на живот и сл. Сите претходни факти беа лоша вест и среќна околност е што постојат и добри вести. Тие ги носат експертите од СЗО кои велат дека дури 40% од малигните заболувања потенцијално може да се спречат со едноставни, но многу ефикасни мерки или чекори. Тоа значи дека треба да се променат навиките и начинот на живеење. Затоа, како превентива важни се седумте препораки кои сакам да ги набројам:

- да не се пуши и да се избегнува пасивно пушење, т.е. седење во простории каде се пуши,
- да не се пие алкохол,
- да нема премногу изложување на ултравиолетови зраци (без оглед на тоа дали станува збор за природен или вештачки извор на светлина),
- да се јаде здрава храна со која ќе се одржува оптималната телесна тежина,
- да се внимава на прекумерната телесна тежина, секојдневно да се практикува умерена физичка активност (за децата 60, а за повозрасните 30 минути) и
- да се заштитиме од инфекции кои директно може да предизвикаат појава на рак или да го зголемат ризикот за негова појава.

Се чини дека од здравата исхрана почнува и завршува сè. Се согласувате ли дека таа може да биде лек и отров за организмот!

Апсолутно. Здравата исхрана не е важна само за превенција на малигните заболувања, туку е важна за превенција на имунитетот и општото здравје на човекот. Покрај зеленчук и овошје (пет порции дневно од 80-100 грама, исхраната треба да опфаќа и интегрални-нерафинирани житарки, јатчести плодови (лешници, бадеми, кикиритки). Секое овошје или зеленчук во себе содржи уникатен комплекс од витамини и минерали, т.е. антиоксиданси. Спротивно на ова, не треба да се внесува месо и месни производи кои немаат хранлива вредност, а имаат многу адитиви кои се канцерогени. Не треба се внесуваат и „белите убијци”, односно бел шеќер, бел ориз и бело брашно.

Зошто е толку значајно да се внесуваат антиоксиданси?

Антиоксидансите ги уништуваат слободните радикали кои секојдневно се создаваат во организмот како резултат на метаболизмот и изложеноста на аерозагадување, пушење, стрес. Слободните радикали се тие „лоши момци” кои ги уништуваат клетките, а антиоксидансите се „добрите момци” и ги штедат клетките. Кога имаме добар имунолошки систем антиоксидансите ги победуваат слободните радикали. Тоа е важно, бидејќи слободните радикали може да доведат до постојано оштетување и мутација на клетките. Тоа пак доведува до појава не само на малигни, туку и на хронични дегенеративни заболувања. Со еден збор, основно е внесување големи количини здрава храна и антиоксиданси (витамин Ц, витамин Е, селен, цинк, бета каротен), а што помалку внесување конзервирана храна, масна храна и храна богата со адитиви.

Дали и кои антиоксиданси ги препорачувате како превенција од малигни заболувања и како додаток во исхраната кај пациентите кои се на онколошка терапија?

Антиоксидансите кои се содржани во додатоците во исхраната се основа за превенција на малигните заболувања. Во поголема доза ги препорачувам и при онколошка терапија било да станува збор за хемотерапија или радиотерапија. Со користење на пример на Ге132+Натурал, кај пациентите се зголемува имуниот систем, полесно може да ја поднесат терапијата и несаканите ефекти како што се: мачнина, гадење, општа малаксаност. При хемотерапија се уништуваат и здравите и канцерогените клетки. Благодарение на Ге132+Натурал кој е комплексна формула, се заштитуваат здравите клетки и со тоа во значителна мерка се подобрува квалитетот на живот на пациентите. Значи дејството на додатоците во исхраната е антиоксидативно, антивоспалително и антипролиферативно, т.е. делуваат против појава на канцер.