Откриен главниот виновник за кардиоваскуларните болести

назад

Влатко Цветановски, кардиоваскуларен хирург

Кардиоваскуларните болести се водечка причина за смртност во светот. Во најголем број случаи тие долго време остануваат недијагностицирани. Со оглед на начинот на живот, во иднина се очекува бројот на лица со кардиоваскуларни болести значително да се зголемува. Еден од најзначајните ризик фактори за овие болести е стресот.

Од Ваш аспект, што претставува стресот?

Стресот е природна реакција во организмот при која под влијание на хормонални промени човек добива екстра сила. Притоа, тој е подготвен да се бори со некоја опасност или да бега. Тоа е позитивниот аспект на стресот. Но, доколку премине во хроничен, стресот станува непродуктивен и се појавуваат низа проблеми, меѓу кои и кардиоваскуларните болести.

Зошто кардиоваскуларните болести се сè поприсутни кај нас?

Овие болести кои се познати и како менаџерски болести беа карактеристични за земји со висок економски развој и за личности кои имаат многу брзо темпо на живеење. Сега трендот се преместува кон сиромашните и земјите во транзиција како што е нашата. Сиромаштијата, безработицата и безнадежноста кај луѓето го покачи нивото на психо-социјален стрес. Официјално, тој е признат како директен ризик фактор за настанување на кардиоваскуларните болести. Заради него се покачи бројот на кардиоваскуларните болести. Денес тие се водечка причина за смртност кај нас и на нив отпаѓаат над 30% од случаите. Загрижува фактот што границата за појава на кардиоваскуларни болести паѓа, односно се повеќе се јавуваат кај млади луѓе.

Што се случува во организмот при стресна состојба?

Постојат сплет на реакции во кои учествуваат повеќе органи. Еден од најзначајните е надбубрежната жлезда која произведува два клучни хормона: адреналин и кортизол. Тие прават специфична состојба во организмот, т.е. го покачуваат нивото на шеќер во крвта, го покачуваат крвниот притисок, се јавува тахикардија и сплет други реакции кои имаат тенденција да го подготват организмот да опстои во стресна ситуација. Споменатите два хормона имаат двојно делување во однос на настанување на кардиоваскуларните болести. Првото дејство е директно делување на крвните садови, срцето и крвотокот. Второто дејство е индиректно, преку покачување на шеќер во крвта, крвниот притисок, т.е. дијабетесот и хипертензијата. При многу чести стресни ситуации практично човек како да е болен од хипертензија или од шеќерна болест.

Може ли превентивно да се делува против кардиоваскуларните болести?

Секако и тоа првенствено може да се делува на ризик факторите кои ги има околу педесетина и нивниот број постојано се зголемува. Она што е важно е фактот дека може да се делува на психо-социјалниот стрес и тоа не само со хемија. Постојат голем број препарати како што е на пример Ге132 кој е еден од најпознатите антиоксиданси кој луѓето може превентивно да го користат. Тие препарати помагаат во превенција на дијабетесот, хипертензијата, зголеменото ниво на масти во крвта. Треба да се нагласи дека покрај земањето антиоксиданси, многу важно е да се оди на превентивни прегледи. На тој начин навреме, во најрана фаза може да се откријат првите знаци на некое кардиоваскуларно заболување. Така проблемот може да се реши со минимална интервенција без да има потреба на сцена да стапиме ние кардиохирурзите. Доколку тоа се случи, најважно за пациентот по хируршката интервенција е да го смени дотогашниот начин на живот, зашто која е целта ако сè се врати по старо. Треба да се знае дека важно е луѓето да научат да се релаксираат, да поставуваат пореални цели пред себе и да живеат за себе. Јога и пилатес се докажани начини кои го растеретуваат стресот.



Како реагираат пациентите кога ќе дознаат дека имаат некое кардиоваскуларно заболување?


Во такви случаи несомнено е дека пациентите знаат дека се работи за многу сериозно заболување, особено ако станува збор за стентирање или за хируршки зафат. Сакам да кажам дека пред тоа да се случи организмот праќа одредени симптоми како што се вртоглавица, зголемен крвен притисок кои може да предизвикаат одредени физички последици. Стресот е присутен пред влегувањето во операционата сала, за време на интервенцијата и постоперативно кога пациентот си поставува многу прашања и има многу очекувања, лични, во однос на фамилијата и на работните обврски.

Што препорачувате во постоперативниот период кога е намален имуниот систем?

Препаратите кои претходно ги споменав, како што е на пример Ге132 содржи одредени компоненти кои имаат влијание на повеќе нивоа. Едно од нив е антиоксидантното делување. Кога стресот ќе се наталожи во организмот, посебно преку адреналинот и кортизолот се создаваат многу оксидативни нус продукти кои ја оштетуваат клетката на целокупниот кардиоваскуларен систем. Кога на овие слободни радикали како што се нарекуваат отровните супстанции ќе им дадете одредени превентивни супстанции нив ги блокирате. На тој начин и да дојде до оштетување на клетката тоа не е толку големо оштетување за да организмот не може да го репарира. Внатре во клетката постојат молекули на ДНК кои сите тие дефекти многу брзо ги репарираат и се обидуваат клетката да ја вратат во функција. Вакви додатоци во исхраната, балансирана исхрана и 200 ml вино на ден помагаат успешно да се справите со стресот и евидентно ќе го намали ризикот од појава на некое кардиоваскуларно заболување како што е миокардниот инфаркт.