Избегнете спортска повреда на паметен начин!

назад

доц. д-р Зоран Ханџиски, спец. по спортска медицина

Спортските поврeди ги опфаќаат поврeдите на органите и ткивата кои се случуваат во текот на некоја спортска активност. Овие повреди се однесуваат на професионалните спортисти и на оние кои рекреативно се занимаваат со спорт. Оттаму, превенцијата е клучен фактор за да не дојде до нивна појава.

Со оглед на Вашето искуство како професор на Факултетот за медицински науки во Штип и во центарот Кинетикус, какво е значењето на спортската медицина денес?

Огромно, зашто спортската медицина станува една од најпрестижните гранки во овој век. Ние веќе ги реализираме новата идеја и поставеноста на спортската медицина во Европската унија и во светот, а тоа е планирана и дозирана физичка активност во превенција и менаџмент на голем број заболувања.

На кој начин спортот придонесува во превенција од одредени заболувања?

• Тука морам да нагласам дека спортот кој адекватно се користи и е добро дозиран може да има позитивни ефекти врз здравјето. Тоа подеднакво се однесува на луѓето кои имаат некое заболување или го применуваат како превенција. Физичката активност е нешто кое човековиот организам го става под стрес. Ако тој стрес не е добро контролиран може да предизвика штетни ефекти. Затоа многу е важна проценката под колкав стрес се наоѓа организмот. Во таа борба со стресот не е важна само исхраната, туку и суплементацијата, т.е. додатоците во исхраната.

Дали исхраната е важна само кај активните спортисти или и кај оние кои рекреативно спортуваат?

Дефинитивно кај сите. Веќе споменав дека покрај исхраната, додатоците во исхраната се многу важни во превенцијата на спортските повреди. Нивната употреба се препорачува според четирите основни критериуми, и тоа:

• доколку нешто ни недостасува во клетката според препорачаните дневни дози;
• кога организмот се наоѓа под зголемен стрес како што е физичката активност;
• кога сакаме да постигнеме некој фармаколошки ефект;
• ако сакаме да постигнеме баланс, т.е. подигнување на нивото на имунолошкиот систем.

На моите студенти на кои им предавам патофизиологија, уште на првиот час им нагласувам дека постои еден ендоген, т.е. внатрешен фактор кој доведува до одредени пореметувања или болести, а тоа е оксидативниот стрес. И тоа, без оглед на фактот дали станува збор за пореметување на ДНК, на супцелуларни структури или други органи. Како физиолог и патофизиолог, јасно ми е што се прави оксидативниот стрес, под кој се наоѓаат спортистите. Човечкиот организам има капацитет на внатрешен антиоксидантен систем во кој има ензими итн. и се бори против оксидативниот стрес.

Доволен ли е тој капацитет за да организмот се избори против оксидативниот стрес и евентуалните спортски повреди кои би следувале?

Секако дека не е доволен и затоа примената на разни антиоксиданси како додатоци во исхраната е нужна. Од лично искуство можам да споменам дека имам позитивни резултати од примената на Ге132. Конкретно, една капсула наутро како превенција значително го намалува оксидативниот стрес под кој се наоѓа спортистот или рекреативецот. Физичката активност го зголемува стресот, тогаш треба многу посериозно да се занимаваат со својата исхрана и посебно со антиоксидансите како додаток во исхраната.



Свесни ли се луѓето кои спортуваат за ефектите од исхраната?


Сметам дека сеуште не се свесни за ефектите од исхраната и затоа земањето антиоксиданси е многу важен фактор. Од лично искуство, мораме да бидеме свесни што предизвикува физичката активност. Користењето на антиоксидансите одамна е познато како паметен начин на избегнување или превенција на спортска повреда. Мораме да имаме точна проценка под каков оксидативен стрес се наоѓа спортистот или рекреативецот, уште повеќе што дозирањето со додатоци во исхраната вклучува и проценка на неговата исхрана. Пристапот кон оваа работа е индивидуален. Постојат методи за детектирање на нивото на оксидативниот стрес. Следува анализа на исхраната според која ќе се дадат додатоци во исхраната кои ќе делуваат превентивно. Ова е многу важно, зашто она што на крај се продуцира во физичката активност, а што има голем потенцијал на уништување на ткивата со пероксидација на липидната мембрана, се токму слободните радикали. Антиоксидансите ги ловат, т.е. ги уништуваат слободните радикали. Затоа, тие треба да се земаат и во процесот на рехабилитација кој следува по закрепнувањето од спортската повреда.