Здравје без цензура - Профил на липидите

назад

претходна 1 2 3 4 5 6 следна

Смалување на нивото на триглицериди

За среќа, покачените триглицериди спаѓаат во лесно решливите проблеми што се исправаат со коригирање на исхраната. Едноставна рестрикција на шеќери и житарки и зголемување на физичката активност се решение на овој проблем. Се разбира, со тоа оди и воздржување од алкохол.

Шеќерот и житарките бараат лачење на инсулин којшто е силен стимуланс на црниот дроб во производството на триглицериди, па затоа, ако е потребно намалување на нивото на триглицериди, треба да се редуцираат.

Високото ниво на триглицериди во крвта често се јавува кај дебели луѓе, но и кај луѓе што немаат проблеми со тежината, зашто и тие може да имаат масни наслаги во артериите што е резултат на инсулинска резистенција. Триглицеридите во крвта се директна последица на јаглехидратите од храната, коишто се трансформирани со помош на инсулинот. Триглицеридите не потекнуваат директно од храната, туку се создаваат во црниот дроб од вишокот шеќери што се неискористени како енергија.

Доколку не помогнат зголемувањето на физичката активност и внимателното внесување на калории, тогаш е потребна терапија. Лекарствата статини главно се користат за смалување на LDL (лошиот холестерол). Меѓутоа, можат да помогнат и лекарства како никотинска киселина и фибрат.

Разговарајте со лекарот ако сте загрижени заради срцево заболување или ниво на холестерол и триглицериди. Иако можеби сите фактори не придонесуваат кон развивање на срцево заболување, а нивото на холестерол може да се контролира, сепак многу од нив можат да доведат до заболување. Доколку водите сметка за својот организам, тој во иднина ќе ви се оддолжи.

Нормални вредности

Референтните вредности се поставуваат произволно и се огледуваат во научните докази, па се вбројуваат во севкупниот ризик на поединецот.

На вкупниот ризик влијаат факторите на ризик. Кај лица без дополнителен ризик фактор, зголемените вредности на триглицериди и холестерол можат да се толерираат, за разлика од пациентите со зголемен ризик поради разни и бројни фактори на ризик. Вредностите на холестерол што бараат терапија со лекови зависат од вкупниот ризик како и од одредените вредности кои се цел на терапијата.

Бидејќи не постојат апсолутни вредности на кои холестеролот и триглицеридите се сметаат за опасни, различни организации направија различни упатства базирани на клинички истражувања и на апсолутниот ризик на одредена популација, којашто најдобро ги отсликува потребите на својата земја или регион. Речиси е невозможно да се комбинираат со генерално применливите препораки. Затоа подолу наведените препораки се сметаат за генерализација заради претставување на глобалната перспектива. Локалните вредности на опкружувањето може да ги претстави локален лекар.

Класификација на нивоата на триглицериди

150-199 mg/dl                      Горна граница
200-499 mg/dl                      Висок
500 mg/dl и повеќе            Многу висок

претходна 1 2 3 4 5 6 следна