Здравје без цензура - Препораки против стареење

назад

претходна1 2 3следна

ПРЕПОРАКИ ПРОТИВ СТАРЕЕЊЕ И ОПШТА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА

Од зборови на дело

• Одржувајте избалансирана здрава исхрана, пијте многу минерална вода и избегнувајте употреба на масна, пржена и обработена храна
• Јадете минимум 3-4 порции на зеленчук и 3 порции овошје секој ден.
• Пијте повеќе чај, а помалку кафе. Обидете се со зелен или чај од јасмин по оброкот.
• Една чаша црвено вино дневно е доволно, и ги нуди сите единствени ползи од антиоксидансите. Повеќе од 2 чаши на ден и ползата се губи поради штетното влијание на алкохолот.
• Создадете избалансирана тренинг програма, која ја истакнува умерената, но редовна физичка активност. Избегнувајте можности да се префорсирате, затоа што тоа е контрапродуктивно, особено ако не сте во кондиција.
• Не пушите. Избегнувајте загадувачи колку што можете.
• Користите крем за сончање. Кремот треба да има широк спектар (да нуди и UVA и UVB заштита).
• Контролирајте го нивото на гликоза, профилите на липиди и крвниот притисок.
• Спијте и одвојте време за релаксација и уживање во работите што ве исполнуваат.

Храна која ја засилува антиоксидативната одбрана

Широк спектар на овошје и зеленчук, особено со портокалова боја (витамин C, E, флаваноиди).

• Масла од зеленчук, пченични никулци, цели зрна, семки и ореви, жолчки и зелјест зеленчук (витамин E).
• Портокалово и црвено/жолто овошје и зеленчук (витамин A и картеноиди).
• Органско место како џигерчиња, морски плодови, ореви и семки (железо и селен).
• Месо, џигерчиња, јајца и морски плодови (цинк).

Напомена: Невозможно е вообичаената исхрана да ги обезбеди сите оксиданси, но кога не е доволна корекцијата на исхраната или континуитетот во внесување на коктел корисни антиоксиданси, нужен е совет од нутриционист!

Основни чекори за успешна проценка на оксидативниот стрес

1. Воспоставете сопствена референтна вредност на OS

Референтната вредност OS е вредност на нормален OS, иако и тоа треба да се провери во однос на воспоставените нормални вредности. Забележете ги вредностите на FORT и FORD, измерени во „нормални услови“. Тестирањето треба да се избегнува по обилни оброци, во тек на терапија со лекови, по интензивни физички активности итн.

2. Нека мерењето на OS ви премине во навика

Во однос на горенаведената табела, следете ја промената на односот на вашите вредности на FORT и FORD, како и промените во однос на некој одреден настан, на пр., пред, во тек и по терапијата со лекови, како и пред и по одвикнување од некоја лоша навика како пушењето, или по воведувањето на умерени физички активности, промени на начинот на живеење и подобрување на исхраната.

претходна1 2 3следна