Здравје без цензура - Оксидативниот стрес и спортот

назад

претходна1 2 3следна

На кој начин физичката активност го зголемува OS?

Вежбањето создава нерамнотежа помеѓу ROS и антиоксидансите: оваа нерамнотежа се однесува на OS. Физичката активност го зголемува производството на слободни радикали на неколку начини [5]:

1. 2-5% од кислородот искористен во митохондриите, создава слободни радикали;
2. со вежбањето се зголемува оксидативната фосфорилација, а со самото тоа истовремено и количеството на слободни радикали;
3. катехоламините што се ослободуваат во текот на тренингот го поттикнуваат производството на слободни радикали;
4. останатите извори на пораст на слободните радикали како последица на вежбањето вклучуваат простаноид метаболизам, оксидаза на ксантин, оксидаза на NAD(P)H и неколку секундарни извори, како отпуштање на радикалите од микрофагите користени во закрепнувањето на оштетеното ткиво

Пазарот рекламира суплементи на антиоксиданси што спортистите ги користат како противмерка во борбата против OS коишто настануваат за време на тренингот. Доколку порастот на слободните радикали ја надјакне можноста на организмот да ги неутрализира, тие ќе ги нападнат клеточните компоненти, особено липидите. Нападот на липидите иницира верижна реакција, таканаречена пероксидација на липиди, којашто поттикнува производство на слободни радикали и ROS, а кои ги оштетуваат останатите клеточни компоненти. Организмот може да се избори со одредена доза на пораст на слободни радикали, и всушност, податоците укажуваат на фактот дека порастот на ROS е неопходен во надоаѓачката адаптација/приспособување на мускулите [7].

На кој начин спортистите можат да ги заштитат клетките од OS?

Доколку исхраната на спортистот зајакната со антиоксиданси не е во функција на намалување на слободните радикали, телото ќе страда поради интензивните тренинзи, стресот и натпреварувања.

Гликонутритиенти

Научниците неодамна открија нов вид на неопходни нутритиенти - одредени моносахариди или јаглехидрати, коишто се неопходни за одржување на добра здравствена состојба. Наведените моносахариди се таканаречените гликонутритиенти, при што постојат 8 најважни за правилна комуникација на секоја клетка во организмот со другите клетки или организми.

kletki

Слика:

Како комуницираат клетките?

Гликопротеини

Клеточен ѕид

РНК

ДНК

„Речиси без исклучок, секогаш кога две или повеќе живи клетки комуницираат на одреден начин, јаглехидратите на површината на клетката ќе се вмешаат.“


претходна1 2 3следна