Состав - Вамeкс

назад

претходна 1 2 3 4 5 следна

УПАТСТВО ВО ПАКУВАЊЕТО/ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПАЦИЕНТОТ
ВАМЕКС 130mg/VAMEX 130мг филм-обложени таблети

Пред употреба на хербалниот препарат внимателно прочитајте го упатството бидејќи содржи важни информации за Вас.
Овој хербален лек се издава без рецепт за третман (ублажување) на полесни здравствени проблеми за кои не е потребно совет со доктор. И покрај тоа, треба да го употребувате внимателно за да Ви биде што повеќе од корист.

- Чувајте го упатството. Можеби ќе треба да го прочитате повторно.
- Советувајте се со Вашиот фармацевт ако Ви се потребни дополнителни информации.
- Ако симптомите не се повлечат во тек на 10 дена, тогаш мора да појдете на доктор.

Внатрешното упатство содржи:
1. Што претставува хербалниот лек Вамекс 130mg и за што се употребува
2. Што треба да знаете, пред да го земете хербалниот препарат Вамекс 130mg
3. Како да го земате хербалниот лек Вамекс 130mg
4. Можни несакани дејства
5. Чување и рок на употреба на хербалниот лек Вамекс 130mg
6. Дополнителни информации

1. Што претставува хербалниот лек Вамекс 130mg и за што се употребува
Таблетите Вамекс 130мг претставуваат природен хербален лек за смирување.
Активните супстанции кои влегуваат во составот на хербалниот лек имаат благо анксиолитично, седативно, карминативно и антисептично дејство.
Вамекс 130mg може да Ви помогне за ублажување на симптомите при:
• Состојба на психичка напнатост, стрес и вознемиреност
• Несоница

Ако имате Алцхајмерова болест Вамекс 130mg може да го користите како дополнителна терапија за ублажување на симптомите и намалување на вознемиреноста.
Маточината во состваот на хербалниот лек го забрзува процесот на зацелување на промените во случај на инфекција со Herpes simplex и помага да се спречи ширење на инфекцијата.
Покрај наведените индикации маточината традиционално се употребува и при лесни гастроинтетсинални тегоби и може да Ви ја намали надуеноста на цревата.

2. Што треба да знаете пред да го употребите хербалниот лек Вамекс 130мг Немојте да го употребувате Вамекс 130mg ако:
- сте преосетливи кон валеријана, маточина, хмељ или кон било која друга состојка на препаратот (видете дел 6 за помошни супстанции)
- имате билијарни калкулуси (камен во жолчни патишта), холангитис (воспаление на жолчните патишта) или било кое друго нарушување на хепато-билијарниот систем.
- Проблеми со тироидната жлезда

Бидете посебно внимателни со Вамекс 130mg:
Хируршки интервенции: ако треба да ви се изврши хируршка интервенција терапијата со Вамекс 130mg треба да ја прекинете најмалку 2 недели пред хируршката интервенција (ризикот од потенцирање на седативниот ефект)
Глауком; употребата на маточина може да доведе до зголемување на интраокуларниот притисок (притисокот во окото). Ако имате глауком не треба да го употребувате лекот.
Илеус или други осптрукции на дигестивниот систем; ако имате опструкција на дигестивниот систем валеријаната може да доведе до појава на абдоминална болка (болка во стомакот), грчеви и последователно влошување на Вашата состојба.
• Вамекс не се препорачува за употреба кај деца помлади од 12 години, бидејќи ефикасноста и безбедноста не се доволно испитани
• Вамекс 130 mg не се препорачува за употреба за време на бременост доење бидејќи ефикасноста и безбедноста не се доволно испитани

Ако некое од горенаведените предупредувања се однесува на Вас пред да почнете да го употребувате препаратот Ве молиме да се обратите за совет кај Вашиот доктор.

Употреба на Вамекс 130 mg со храна или пијалок Препорачливо е да не се конзумира алкохол за време н третманот со ВАМЕКС130mg
.Бременост и доење

Советувајте се со Вашиот доктор или фармацевт пред да земете било каков лек. Не се изведени студии за безбедноста со употреба на Вамекс 130 mg кај бремени жени и доилки. Во одсуство на податоци за безбедност хербалниот препарат не се препорачува за употреба за време на бременост и доење.

Влијание врз способноста за возење на автомобил или ракување машини:
Составните компоненти на Вамекс 130mg може да доведат до појава на вртоглавица и поспаност и може да влијаат врз Вашата способност за возење и ракување со машини. Ако Ви се јави вртоглавица или поспаност не треба да возите и управувате со машини. Важни информации за некои составни компоненти на Вамекс 130mg Нема други составни компоненти за кои има важни информации. Земање на други лекови (на што треба да се внимава ако употребувате други лекови) Ве молиме да го информирате Вашиот доктор или фармацевт ако земате, или ако неодамна сте земале било кој друг лек, дури и оние кои не се на лекарски рецепт.

претходна 1 2 3 4 5 следна