Состав - Вамeкс

назад

претходна 1 2 3 4 5 следна

УПАТСТВО ВО ПАКУВАЊЕТО/ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПАЦИЕНТОТ
ВАМЕКС 130mg/VAMEX 130мг филм-обложени таблети

Вамекс не се препорачува да се употребува истовремено со:

• лекови кои се метаболизираат преку црниот дроб (супстрати на P450);
• лекови со седативно дејство (лекови кои имаат депресивен ефект на централниот нервен систем, антихистаминици, фенобарбитал, наркотици и други седативи); заради ризикот од потенцирање на седативниот ефект и појава на замаеност и вртоглавица не се препорачува истовремена употреба;
• анестетици (доколку се употребува во комбинација со анестетици може да дојде до појава на замаеност);
• алкохол
• лекови кои се користат при нарушена функција на тироидната жлезда

3. Како да се употребува хербалниот лек Вамекс 130mg
Дозирање

Вамекс 130 mg е хербален лек наменет за долготрајна употреба. Хербалниот лек се зема 1-4 пати дневно по 1 таблета со чаша вода, непосредно или 2 часа пред спиење. Доколку во текот на 2 недели не дојде до подобрување на Вашата состојбата треба да побарате совет од Вашиот доктор.

Начин на употреба
Хербалниот лек Вамекс 130 mg е наменет за перорална употреба (преку уста). Ако имате впечаток дека ефектот на хербалниот лек Вамекс 130 mg е премногу силен или премногу слаб, посоветувајте се со Вашиот доктор или фармацевт.

Ако сте земале поголема доза од Вамекс отколку што треба:
Ако сте земале поголема доза од Вамекс 130mg отколку што треба, треба да се посоветувате со Вашиот доктор или фармацевт. Ако се појават несакани дејства поради предозирање, потребно е да се консултира доктор или фармацевт.
ВАМЕКС 130 mg е хербален лек но ако внесете преголема доза може да Ви се јават симптоми на предозирање како: гадење и повраќање, болка во стомакот, тресење на рацете, зголемен очен притисок и мидријаза (ширење на зеницата од окото).
Ако сте заборавиле да го земете Вамекс 130mg Ако сте заборавиле да земете Вамекс, земете го штом ќе се сетите за пропустот.
Не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената доза.

Ако прекинете да го земете Вамекс 130mg
Доколку решите да прекинете со употреба на препаратот нема да имате никакви несакани последици.

4. Можни несакани дејства
Сите лекови може да предизвикаат несакани ефекти кај некои од пациентите.
Докажано е дека активните супстанции присутни во хербалниот препарат добро се поднесуваат ако се придржувате до препорачаниот режим на дозирање. Несаканите дејства се јавуваат ретко и се со слаб интензитет. Најчести несакани дејства кои се јавуваат при апликација на валеријана, маточина и хмељ се: гадење, повракање, дигестивни тегоби, влошување на состојбата кај лица со гастро-езофагеален рефлукс (враќање на желудочната содржина во хранопроводот) и диспепсија (отежнато варење на храната), вртоглавица. Ретко се пријавени алергиски кожни реакции (реакции на преосетливост).
Ако приметите било какви несакани дејства кои не се споменати во ова упатство, Ве молиме да го информирате Вашиот доктор или фармацевт.

5. Чување на хербалниот лек Вамекс 130 mg
Да се чува на суво и темно место
Да се чува на места недостапни за деца.
Рок на употреба - 36 месеци.

Хербалниот лек не смее да се употребува по датумот на истекот на рокот на употреба што е наведен на пакувањето. Рокот на употреба се однесува на последниот ден од наведениот месец.

6. Дополнителни информации

Активнa супстанциja:
Една филм-обложена од таблета 130 mg содржи:
Valeriana officinalis……………………………………………... .90 mg
Melissa officinalis……………………………………………… .25 mg
Humulus lupulus……………………........................................ .15 mg

Помошни супстанции:
Дестилирана вода........................................................................
Титаниум диоксид ......................................................................0.43 mg
НРМС........................................................................................ .0.35 mg
Талк..............................................................................................0.07 mg
Полисорбат 80............................................................................0.02 mg
Татразин жолто...........................................................................0.003 mg

Изглед на лекот и содржина на пакувањето
Филм-обложени таблети. Округли, филм-обложени таблети со пречник од 6.5 mm.
ПВЦ/Алуминиумски блистери со по 10 таблети.

Начин на издавање
Може да се издава само во аптека без рецепт (П1).
Име и адреса на носителот на одобрението за ставање во промет: Викториа Ваит ДОО Ул. Лермонтова бр. 3/4, 1000 Скопје, Р. македонија Име и адреса на производителот: ALPHACAPS GmbH, Nord-West-Ring 1-5 D-32832, Augustdorf, Germany
Датум на последна ревизија на внатрешното упатство Октомври 2013. година

претходна 1 2 3 4 5 следна