Состав - Вамeкс

назад

претходна 1 2 3 4 5 следна

ЗБИРЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА ОСОБИНИТЕ НА ХЕРБАЛНИОТ ЛЕК

1. ИМЕ НА ХЕРБАЛНИОТ ЛЕК

VAMEX 130mg филм-обложени таблети.

2. КВАЛИТАТИВЕН И КВАНТИТАТИВЕН СОСТАВ

Една филм-обложена од таблета 130 mg содржи:
Valeriana officinalis……………………………………………………...........90 mg
Melissa officinalis……………………………………………………..............25 mg
Humulus lupulus……………………...........................................................15 mg

Помошните состојки се наведени во делот 6.1.

3. ФАРМАЦЕВТСКА ДОЗИРАНА ФОРМА
Филм-обложени таблети. Округли, филм-обложени таблети со пречник од 6.5 mm.

4. ПОДАТОЦИ ЗА:

а) Терапевстки индикации

Вамекс 130mg таблетите претставуваат хербален лек кој во својот состав има екстракти од неколку билки кои во традиционалната медицина се користат за намалување на благите симптоми на психички стрес. Активните супстанции кои влегуваат во составот на хербалниот лек имаат благо анксиолитично, седативно, карминативно и антисептично дејство.
Вамекс се употребува за ублажување на симптомите при:
• Состојба на психичка напнатост, стрес и вознемиреност
• Несоница

Вамекс 130mg може да се користи и како дополнителна терапија за ублажување на симптомите и намалување на агитираноста кај пациенти со Алцхајмерова болест. Маточината во составот на хербалниот лек го забрзува процесот на зацелување на промените кај пациенти со инфекција со Herpes simplex и помага во превенција на ширење на инфекцијата. Покрај наведените индикации маточината традиционално се употребува и кај пациенти со лесни гастроинтестинални тегоби за намалување на флатулентноста и надуеноста.
б) Дозирање и начин на употреба

Дозирање

Вамекс 130mg е хербален лек наменет за долготрајна употреба. Хербалниот лек се зема 1-4 пати дневно по 1 таблета со чаша вода, непосредно или 2 часа пред спиење.

Доколку во текот на 2 недели не дојде до подобрување на состојбата пациентот треба да побара совет од доктор.

Начин на употреба
Хербалниот лек Вамекс 130mg е наменет за перорална употреба.

в) Контраиндикации
• Хиперсензитивност кон активните компоненти или кон било која друга помошна состојка на препаратот.
• Хербалниот лек не смее да се употребува кај лица со билијарни калкулуси, холангитис или било кое друго нарушување на хепато-билијарниот систем,

г) Посебни мерки на претпазливост и посебни предупредувања за употреба на хербалниот лек
• Хируршки интервенции; заради ризикот од потенцирање на седативниот ефект терапијата со Вамекс 130mg треба да се прекине најмалку 2 недели пред хируршка интервенција;
• Глауком; употребата на маточина може да доведе до зголемување на интраокуларниот притисок. Пациентите со глауком не треба да го употребуваат лекот.
• Илеус или други осптрукции на гастроинтестиналниот систем; валеријаната може да доведе до појава на абдоминална болка и грчеви и последователно влошување на состојбата кај пациенти со опструкција на дигестивниот систем.
• Лица кои имаат било какви проблеми со штитната жлезда, маточината ја инхибира абсорпцијата на лековите кои се користат при нарушена функција на тироидната жлезда
• Во недостиг на податоци за безбедност од употреба, Вамекс 130mg не се препорачува за употреба кај деца.
• Во недостиг на податоци за безбедност од употреба, Вамекс 130mg не се препорачува за употреба за време на бременост

д) Интеракции со други лекови и други форми на интеракции
Достапни се ограничени податоци за фамаколошки интеракции.
Вамекс 130mg може да стапи во интеракција со следните лекови:
• лекови кои се метаболизираат преку црниот дроб (супстрати на P450);
• лекови со седативно дејство (лекови кои имаат депресивен ефект на централниот нервен систем, антихистаминици, фенобарбитал, наркотици и други седативи); заради ризикот од потенцирање на седативниот ефект и појава на замаеност и вртоглавица не се препорачува истовремена употреба);
• анестетици (доколку се употребува во комбинација со анестетици може да дојде до појава на замаеност);
• алкохол
• лекови кои се користат при нарушена функција на тироидната жлезда

ѓ) Употреба за време на бременост и доење
Не се изведени студии за безбедноста од употреба на Вамекс 130mg за време на бременост. Во одсуство на податоци за безбедност хербалниот препарат не се препорачува за употреба за време на бременост. Нема податоци за безбедноста од употреба на Вамекс 130mg за време на доење. Вамекс 130mg не се препорачува за примена за време на доење.

е) Ефекти врз способноста за возење и ракување со машини
Составните компоненти на Вамекс 130mg може да доведат до појава на поспаност и замаеност и може да влијаат врз способноста за возење и ракување со машини.

ж) Несакани дејства
Достапните податоци укажуваат дека активните супстанции присутни во хербалниот препарат добро се поднесуваат при придржување до препорачаниот режим на дозирање. Несаканите дејства се јавуваат ретко и се со слаб интензитет. Најчести несакани дејства кои се јавуваат при апликација на валеријана и маточина се: наузеа, повракање, гастроинтестинални тегоби, влошување на состојбата кај лица со гастро-езофагеален рефлукс и диспепсија, вртоглавица. Ретко се пријавени алергиски кожни реакции.
Доколку се појават сериозни несакани дејства или несакани дејства кои не се споменати, потребно е да се консултира доктор или фармацевт.

з) Предозирање
Не се пријавени случаи на предозирање со Вамекс 130 mg Вамекс 130mg е хербален лек но во случај на апликација на преголема доза може да се јават симптоми на предозирање како: гадење и повраќање, абдоминална болка, тремор, зголемен интраокуларен притисок и мидријаза.
Доколку овие симптоми не се повлекуваат треба да се аплицира симптоматска терапија.

претходна 1 2 3 4 5 следна