За нас
Корпорацијата Victoria White со својата работа започна во 2002 година.
По многу години успешна работа, а водени од нашата основна цел ЗДРАВЈЕ, компанијата постигна забележителни резултати.
Мисија и визија на компанијата е да се следат светските трендови како во работата и успешните резултати,така и во иновациите кои се однесуваат на поубав и поздрав живот. Ние ќе се потрудиме да се она што е ново и што може да го подобри квалитетот на животот, да го донесеме што е можно поскоро во нашата земја.
Се трудиме секојдневно да одговараме на предизвиците на посветено истражување, да инвестираме во нашите производи, да внесуваме иновации и да придонесеме кон подобрувањето на здравствената заштита на оние на кои им е најмногу потребна.
Нашата цел е да се биде пријател во одржување на здравјето во секој дом и заедно да создадеме општество на здрави луѓе.
Во согласност со водечката визија и исполнувањето на целите и стратегијата, основни вредности во работењето се:
Иновацијата и креативноста
Во сите наши активности се поттикнуваат иновацијата и отвореноста кон нови идеи, со цел да се обезбеди нова вредност.
Ориентација кон клиентите
Посветени сме на чесност, праведност и сигурност во сите активности и се трудиме нашите производи и услуги секогаш да се над очекувањата на сите корисници.
Интегритет
Постојано одржување на интегритетот во сè што правиме, бараме од себе си и другите примена на највисоките етички стандарди во остварувањето на нашата мисија за подобрување на здравјето и квалитетот на животот.
Тимска работа
Развиваме блиска соработка, ги споделуваме своите знаења, вештини и потенцијали вертикално, хоризонтално и глобално,во корист на сите заинтересирани страни.
Споделување на знаење
Несебично споделуваме информации, искуства, најдобри практики, знаења и идеи, со цел да се донесат цврсти одлуки, успешно да работиме и да внесуваме промени за доброто на сите заинтересирани.
Искрено ваш
Тимот на Victoria White