Проф. Др. Горица Брешковска

назад
Клиника за Пулмологија

ВОВЕД

Студиите за ХОББ покажуваат се поголем интерес за меѓусебната поврзаност на болеста и нутрицијата. Оксидативниот стрес и инфламацијата на дишните патишта формираат circulus viciosus за кој се смета дека е одговорен за прогресија на заболувањето.
Штетниот ефект на оксидативниот стрес акумулиран во тек на повеќе години предизвикува зголемена бронхијална реактивност,инфламација и деструкција на клетките од респираторниот епител. Хроничната експозиција на оксидансите предизвикува дисрегулација на продукцијата на антиоксидансите поради сто тие се исцрпени во тек на акутната егзацербација.
Досеганите иследувања на повеќе автори потврдуваат дека повисокото ниво на серумските антиоксиданси е асоцирано со подобра белодробна функција И ФЕВ1.

МАТЕРИЈАЛ И МЕТОД

Анализирана е група од 20 пациенти со ХОББ на возраст од 50-60 год. Сите испитаници примаа стандардна терапија со: антихолинергици,инхалаторни бетаагонисти и кортикостероиди и пер ос метилксантини во период од 2-4 години.
Испитаниците ги поделивме во две групи:

1. група А која прима само стандардна терапија (контролна група)
2. група Б која покрај стандардната терапија во тек на еден месец добиваше и Германиум 132, 3 пати дневно.

Кај двете групи пациенти евалуирани се следните параметри :ФЕВ 1,број на егзацербации во испитуваниот период,ЦАТ-тест за оцена на ХОББ (ЦАТ-скор:˃20,импакт ниво-високо,Цат-скор: 10-20,импакт ниво-средно ,Цат-скор˂10,импакт ниво-ниско) и потребата од дополнителна терапија со реливери (скор од 0-5). Параметрите се проценувани пред поцетокот на терапијата со Ге-132 и месец дена по третманот.

ДИСКУСИЈА

Коментар: Пациентите од група А (контолна група )не покажаа статистички значајни промени во испитуваните параметри во периодот на евалуација (1 месец ).

Група Б:

а) Подорување на ФЕВ1
б) Намален број на егзацербации (и покрај тоа што е релативно краток период за иследување на егзацербации)
ц) Намалена потреба од дополнителна терапија со реливери
д) Со ЦАТ тест за оцена на ХОББ-ЦАТ скор утврдено значајно подобрување на испитуваните параметри: кашлица
количина на спутум
диспнеа
способност за извршување на поголемиот дел од секојдневните обврски

погледни табела