Состав - Ge 132
назадпретходна 1 2 3 4 следна
Eкстракт од зелен чај 80mg (16%)
Зелениот чај се употребува во традиционалната медицина повеќе од 3000 години. Една од основните карактеристики на овој чај е тоа што не е ферментиран и се добива само со сушење и увртување на младите листови.
Со тоа се ослободуваат танини кои спаѓаат во полифеноли ( билни пигменти) т.е. катехини. Благодарејќи на полифенолите, првенствено на епигалокатехин-галат (ЕГЦГ) НА ЕЛИГИНСКА КИСЕЛИНА, екстрактот од зелен чај поседува многу дејства. На пример, се истакнуваат неговите антиоксидантни дејства, што практично значи дека го ослободува организмот од слободните радикали и учествува во превенирање на заболувања кои се предизвикани од истите. Покрај антиоксидантните својства на полифенолите, забележано е дека делуваат и така го стимулираат работењето на ензимите на јетрата задолжени за детоксикација на организмот од различни загадувачи на работната и животната средина како и карценогена. Истотака во некои истражувања пронајдено е дека поволно влијаат на биохемиските параметри на крвта ( шеќер, маснотии и друго). Во други истражувања воочено е и заштитен ефект во однос на малигните оболувања, што се доведува во врска со способноста на полифенолите да ја намалуваат клеточната пролиферација и индицираат програмирана клеточна смрт на туморските клетки. Епидемиолошките студии покажуваат на инверзна поврзаност помеѓу конзумирање на екстракт од зелен чај и појава на карцином на плуќа, особено кај непушачи. Со други зборови, полифенолите од зелениот чај делувале заштитнички кај карциномот на плуќа. Истото е воочено и кај карцином на дојка кај менопаузални жени но и на негов рецидив. Во некои истражувања пронајдено е дека полифенолите од зелениот чај делувале заштитнички кај карциномот на горните делови на гастроинтестинален тракт. Со оглед на вака воочените ефекти, некои автори препорачуваат конзумирање на екстракт од зелен чај истовремено со антитуморската терапија. Ограничени научни податоци постојат во врска со ефектот за екстрактот на зелен чај во превенција на карцином на јетра. Позитивен ефект на екстрактот од зелен чај воочен е и кај заболувања на кардиоваскуларниот систем во смисла на смалување на ризикот од настанување на коронарна болест на срцето како и голем број на патолошки состојби. Се смета дека голем број на состојки од зелениот чај делува протективно на срцето и крвните садови а поготово кај кај епиглаокатехин-галат. Ова хемиско соединение го смалува создавањето на воспалителни фактори, го смалува оксидативниот стрес и инхибира активност на ензимите металопротеиназа ( има улога во создавање на срцеви заболувања, реуматоиден артритис но и во канцерогенеза како и во создавање на метастазите на примарните тумори). Во врска со заштитните ефекти на крдиоваскуларниот систем, некои истражувачи воочиле дека екстрактот од зелен чај предизвикува опаѓање на серумскиот холестерол и LDL.
Екстрактот од зелен чај поседува и антибиотски својства ( делува антибактериски, антивирусно и фунгицидно) и врз база на овие пронајдоци некои истражувачи препорачуваат ординирање на екстрактот на зелен чај заедно со класична антибиотска терапија. Исто така воочено е и дека делува ефикасно против патогени флори на усната шуплина, која е во спрега со развој на кариес кај забите. Интересни се и пронаоѓањата од едно истражување кое открило дека давањето на екстракт од зелен чај на жени во постменопауза им овозможило значително подобрување на квалитетот на живеење. Исто така воочено е и дека ЕГЦГ делува и адстригентно (смалува воспаление и лачење на секрет), доведува до создавање на коагулациска мембрана на слузокожата. ЕГЦГ делува и благо диуретски- помага во исфрлање на водата од организмот, ја зголемува периферната циркулација, ја намалува температурата идр.Елагинска киселина е полифенолно соединениеод групата на хидросолубилни танини. Ги истакнува ефектите врз канцерогени материи, ја смалува дегенерацијата и малигната алтерација на здравите клетки. Исто така воочено е и дека има способност да ја смали активноста на ензимите кои учествуваат во процесот на малигното преобраќање на преканцерските и делбата на канцерогените клетки, како и позитивни ефекти на метаболизмот на канцерогените материи во организмот.
- екстракт од пупка на ружа 80mg (16%)
СИТЕ ДОДАТОЦИ ВО G-132 СЕ ОД ПРИРОДНО ПОТЕКЛО
КОГА ДА СЕ КОРИСТИ G-132?
G-132 се користи како антиоксидантен комлекс кој ги неутрализира слободните радикали со што помага во превенцијата на развиток на бројните хонични заболувања, а исто така помага и во разни патолошки состојби.
G132 се препорачува:
- за зачувување и унапредување на здравјето и превенцијата кај хроничните незаразни болести:
реуматоиден артритис, артерио склероза, дијабетис, Паркинонова болест, срцева инсуфициенција, ангина пекторис, зголемен крвен притисок.
- кај заболувања/состојби кај кои е намален и изменет имунолошкиот одговор на организмот.
- (алергии, астма, бактериски и вирусни инфекции , грип)
- го потпомогнува нормализирањето на биохемиските параметри ( холестерол LDL и HDL, триглицериди) го нормализира зголемениот крвен притисок, го закрепнува организмот после хирушка интервенција.