Состав - Ge 132+

назад

претходна 1 2 3 4 следна

Mатичен млеч 130mg (26%)

Maticen Mlec

Матичниот млеч го произведуваат пчелите работнички од цветниот нектар, полен и вода, со помош на секретот на своите жлезди. Основни состојки на матичниот млеч се белковини -аминокиселини (8 есенцијални и 10 неесенцијални), ( околу 12%),витамини и минерали ( витамини A,C,D,E,a посебно содржи висока концентрација на витамините В5 и В6, минерали – цинк, калцијум и магнезијум) – ( 0,7%), хормони, масти ( околу 5%), шеќери (околу 12%), вода ( околу 66%),итн. Матичниот млеч делува поволно на имунолошкиот систем на организмот, а со природниоте антимикробени супстанци делува антибактериски и антивирусно. Една од најсилните антибиотски компоненти во матичниот млеч е 10-хидрокси-делта(2)-деценоична киселина.

Матичниот млеч ја враќа енергијата во клетките, му помага на организмот да се опорави од рековалесцентите, позитивно делува на метаболизмот во неговата работа, го подобрува имунитетот и крвната слика.

Се потврдува дека матичниот млеч ја подобрува состојбата на болните од Паркинсова болест,помага во регулирањето на шеќерот во крвта кај пациенти заболени од дијабетис.

Ресвератол 80mg (16%)

Ресвератол

Природни извори на ресвератолот се: опни-семки од црвено грозје, боровница, капина, какао, кикирики. Ресвератолот во G-132+Natural е со потекло од црвеното грозје. Ресвератолот припага на групата полифенол со што ги покажува своите силни антиоксидативни својства. Научните студии докажале дека ресвератолот позитивно делува кардиоваскуларниот систем како и во превенцијата од артеосклероза.

Механизмите на делување се многубројни како на пр: делува како неутрализатор на слободните радикали, ја инхибира оксидацијата од липопротеини со ниска густина-LDL, инхибира со профилерација на мазните мускулни влакан во крвните садови, истотака инхибира агрегација на тромбоцитите, со што има голема улога во спречувањето на тромб во организмот, односно превенира од срцев или мозочен удар.

Овие а најверојатно и некои дополнителни податоци може да го објаснат т.н.ФРАНЦУСКИ ПАРАДОКС, односно, смрттноста во Франција од кардиоваскуларни болести е многу помала во однос на сите останати земји од ЕУ, што е доказ за секојдневното консумирање на црвено вино.

Ресвератолот во одредена мерка ја инхибира и карциогенезата, растењето и ширењето на малигните заболувања. Механизмите се различни, инхибиција пролиферација на малигните клетки, индукција на апоптоза на туморскитеклетки, инхибиција на ангионегеза во туморското ткиво, инхибиција на активностите на ензими неопходни за ширење на туморот на пр.( матрикс металопротеиназа и сл.).

Воочени се и позитивни ефекти на ресвератолот во продолжување на животниот век, во експерименти со животински модели, па како иницијатива се спроведува и клиничко испитување кај луѓето во некои клиники.

Позитивни ефекти на ресвератолот воочени се на вредноста на шеќерот во крвта и маснотијата во крвта, како и спречување на симптомите на дијабетисот( зголемен глад,жед,губење на ТМ итн). Ресвератолот има и антивирусни својства –воочено е дека го оневозможува размножувањето на вирусот HSV1, HSV2, variclla-zoster, influenze, human CMV-a, а делува синергички и на анти-HIV лекови.

претходна 1 2 3 4 следна