Здравје без цензура - Слободни радикали

назад

1 2 следна

Слободни радикали и превенција со нутритивни суплементи

Слободни радикали и превенција со нутритивни суплементи

Денешните научни сознанија, придаваат значајна улога на слободните радикали во процесот на апоптоза, програмирано стареење и умирање на клетките, особено ако е тој провоциран со постоење на еден или повеќе ризик фактори. Сеуште во многу процеси енигма, овој биолошки механизам, особено ги актуелизира студиите врз антиоксидансите како одбрамбени механизми на човечкиот организам.

А што всушност претставуваат слободните радикали?

Тоа се хемиски видови, кои можат да бидат атоми, јони и молекули, одговорни за токсичните ефекти на кислородот. Тие имаат еден слободен електрон на својата надворешна обвивка, кој ги дестабилизира и е одговорен за многу нови хемиски врзувања. Сакајќи да дојде многу брзо во стабилна состојба слободниот радикал е мноу реактивен и ссе наоѓа постојано во хемиски интермедиерни реакции.

Слободните радикали се продуцираат во организмот за време на биохемиските редокс процеси во кои учествува кислородот, како резултат на физиолошки и патолошки процеси, особено за време на една миокардијална или мозочна исхемија. Слободните радикали го оштетуваат фосфолипидниот слој на клеточните мембрани и на тој начин доведуваат до деструкација на клетките, процес со кој се објаснува програмираниот процес на стареење, за кој веќе споменавме дека се нарекува апоптоза.

Генерирањето на слободните радикали во нашиот организам е можно и при дејство на надворешни фактори. Ќе споменеме некои од нив кои имаат поголемо значење:

-изложеност на јонизирачко зрачење или ултарвиолетова светлина
-хипероксија
-исхемија
-тешки физички напори,

како и под дејство на природните загадувачи, како што се издувни гасови, чад од цигари.

За организмот да се заштити колку е можно од слободните радикали, подготвува свој одбрамбен механизам. Во суштина тоа се материи кои ќе го спречат штетниот ефект на слободните радикали, ваквите материи ги нарекуваме АНТИОКСИДАНСИ.

Според начинот на делување, антиоксидансите се поделени во три групи:

1) примарни антиоксиданси- кои го инхибираат почетното формирање на слободниот радикал (препарат Ге 132).
2) секундарни антиоксиданси- ги елиминираат слободните радикали што се веќе формирани (Ге 132, вит.А, Ц, Е, селен).
3) терциерни антиоксиданси- се рапарантни механизми- нивна задача е да ги поправаат оштетувањата на биомолекулите од страна на слободните радикали(глутатион).

Според местото на делување пак, антиоксидансите се делат на две групи:

1) Интрацелуларни антиоксиданси- супероксид дисмутаза (СОД) глутатион пероксидаза( ГПх), глутатион редуктаза(ГР) и глутатион.
2) Екстрацелуларни антиоксиданси- витамините А,Ц и Е, ацидум урикум, билирубин, албумин, церулоплазмин, селениум ( препарат Ге 132 ).

Денеска се смета дека антиоксидансите, на прво место Германум 132, делуваат кооординирано, формирајќи антиоксидансен одбрамбен систем.

Во организмот соодносот помеѓу слободните радикали и антиоксидансите е во постојана рамнотежа, процес што го нарекуваме АНТИОКСИДАНСЕН СТАТУС.

1 2 следна