Здравје без цензура - Слободни радикали

назад

претходна1 2

Сепак при одредени услови било заболувања, или штетно влијание на околината или пак при самиот процес на стареење настанува пореметување на оваа рамнотежа. Имено, нарушувањето може да настане или прекумерно продуцирање на слободни радикали или пак недостаток на антиоксиданси.

За превенција и лекување на повеќето заболувања правени се многу опсежни студии во светот, кои нудат и отвараат нови хоризонти и можности во медицината.

Нарушената рамнотежа помеѓу слободните радикали и антиоксидансите, од било која природа, има потреба да се испита степенот на тоа нарушување, преку одредување на антиоксидансниот статус во организмот и да се изврши супламентација на антиоксиднасите.

Истиот се проценува со одредување на слободните радикали: суопероксидот, хидроксилните радикал и водородниот пероксид, кој се продуцираат како резултат на метаболините реакции, при функционирање на ЦНС.

Превентивната и терапевтската корист од суплементација на антиоксидансите, било преку исхраната или преку фармаколошките препарати( Германиум) има за цел да го заштити нашиот организам од апоптозата, поточно од програмираното стареење на клетките, воспоставувајќи ја рамнотежата на антиоксидансниот статус и н атој начин штитејќи го нашиот организам од штетното дејство на слободните радикали.

претходна1 2