Состав ГЕ КИДС

назад

Gekids

ГЕ Кидс е граничен производ кој што е комбинација од седум активни компоненти, природни екстракти.
Тоа е формула специјално дизајнирана за деца, од научно истражувачкиот тим на компанијата International Health како продолжение на препаратите за возрасни. Природните состојки кои се составен дел од препаратот ни даваат за право да кажеме дека ГЕ Кидс е уникатна формула наменета за детската популација.


СОСТАВ:
- Екстракт од Реиши печурка 40 мг,
- Бета Д Глукан (1.3/1.6) 40 мг
- Матичен млеч 40 мг
- Екстракт од Куркума 15мг
- Екстракт од шипка 15 мг
- Ресвератрол 10 мг
- Екстракт од Домат 10 мг

-Реиши печурката претставува јак антиоксиданс кој ги неутрализира слободните радикали. Има имуномодулаторна активност.

-Матичниот млеч содржи протеини, аминокиселини, витамини и минерали. Има антибактериска способност и поволно делува на имуниот систем. Ја врака енергијата на клетките и го регенерира реконвалесцентниот организам.

-Ресвератролот претставува полифенол кој што е екстрахиран од семки од црвено грозје. Тој е јак антиоксиданс кој делува поволно на срцето и крвните садови. Може да го намали отокот и болките.

-Екстрактот од Шипка претставува богат извор на природен витамин Ц.

-Бета Д Глуканот еполисахарид кој најчесто се наоѓа во клеточниот ѕид на некои бактерии, габи,алги, лишаи, овес, пченка. Бета Глуканот што се наоѓа во ГЕ Кидс е изолиран од габата Сaccharomyces cerevisiae и се наоѓа во неговиот најактивен облик. Делува како имуномодулатор т.е ја регулира реакцијата на имунолошкиот систем во однос на постигнување на рамнотежа во телото.

-Ликопенот е каротеноид кој ја дава црвената боја на овошјето и зеленчукот. Тој е јак антиоксиданс кој го штити организмот од слободните радикали.

-Екстрактот од Куркума има антиинфламаторно, антитромбоцитно,антибактериско и антифунгално дејство. Врши детоксификација на организмот со што се подобрува функцијата на црниот дроб и помага во елиминација на токсините.

КОГА СЕ КОРИСТИ?
- Деца со ослабен имун систем
- честа примена на антибиотици
- Повторувачки инфекции
- Воспалителни процеси
- Деца склони кон алергии

ДОЗИРАЊЕ
Деца над 4 години 1-2 кесички растворени во 100мл течност на гладно во период од 2 месеци.
Прашокот е со пријатен вкус на кајсија.