Здравје без цензура - Профил на липидите

назад

1 2 3 4 5 6 следна

Профил на липидите и нивната улога во кардиоваскуларните заболувања, превентивата и здравјето

Основни информации

profil na lipidite

Холесторолот е основната супстанција за живот, но кога неговото ниво во организмот ќе стане превисоко, станува опасен.
Постојат два типа на холестерол:
- добар холестерол (ХДЛ)
- лош холестерол (ЛДЛ)

oksidativniot stres i sportot

Триглицеридите се хемиска форма во којашто постојат најголем дел од мастите во храната и во телото.

Холестеролот, триглицеридите и ЛДЛ треба да се намалат доколку се превисоки, додека ХДЛ треба да
се зголеми за да се избегне ризикот од инфаркт и мозочен удар.

Одредени детали за профилот на липиди

oksidativniot stres i sportot
  • Холестеролот е важен за животот, но во преголеми количества е опасен. За зачувување на здравјето неопходна е негова рамнотежа.
  • Холестеролот е липид којшто се пренесува со помош на транспортери, т.н. липопротеини како ХДЛ и ЛДЛ.
  • ХДЛ, т.н. „добар“ холестерол, го доби ова име затоа што има способност да го собира вишокот холестерол од крвотокот и да го транспортира до црниот дроб каде што се разградува и се исфрла низ цревата.
  • ЛДЛ е т.н. „лош“ холестерол; ако премногу ЛДЛ холестерол циркулира низ крвта, може да дојде до таложење на ѕидовите на крвните садови и создавање на складишта на холестерол. Ова претставува почетен чекор кон артериосклероза. Доколку овие складишта пукнат, се создава тромб што, со затворање на луменот на крвниот сад, може да предизвика срцев или мозочен удар.
  • Нерамнотежата помеѓу добриот и лошиот холестерол се нарекува дислипидемија, и се лекува со промена на животните навики односно начинот на живот и/или со помош на лекарства.
  • Дислипидемијата е важен фактор на ризик за кардиоваскуларните заболувања, како срцевите и мозочните удари. Особено е опасна во комбинација со другите фактори на ризик, како:
    - пушење
    - хипертензија (висок крвен притисок)
    - дијабетес
    - дебелина
    - физичка пасивност
  • Со елиминирање на наведените фактори на ризик, може да се намали ризикот од кардиоваскуларни заболувања и да се подобри здравствената состојба.
  • Триглицеридите се вид масти во крвотокот и во масното ткиво. Вишокот на овој вид маснотии доведува до укрутување и стеснување на артериите, што доведува до ризик од срцев и мозочен удар. Болестите како дијабетес, дебелина, оштетување на бубрезите или алкохолизам предизвикуваат покачување на триглицеридите.

1 2 3 4 5 6 следна