Здравје без цензура - Оксидативниот стрес и убавината

назад

1 2 3 4 5 6 7 8 9 следна

ВОВЕД

Интересирањето на потрошувачите во полето на убавината, често е поголемо од нивното интересирање за здравјето. Всушност, пазарот за негата на кожата во Европа порасна над 20% во последните неколку години.

Информациите во оваа брошура имаат за цел да ги поддржат компаниите за исхрана и нега на кожата, кои препорачуваат специфичен и целен режим на антиоксидантни витамини, формули на хранливи материи и оние за нега на кожата, кои се дизајнирани да надоместат предвидени недостатоци. Покрај тоа, изведувањето на (OS) профили им помага на операторите за рационален избор и оптимизација на потребите во исхраната и негата на кожата, со цел да се подобри здравјето и естетскиот изглед на кожата.

Кислородот е неопходен за животот. Но дали знаевте дека е исто така опасен за нашето постоење? Ова можеме да го наречеме „темната страна“ на кислородот и како резултат на тоа, ние во суштина `рѓосуваме и однатре и однадвор. Истиот процес којшто го предизвикува темнеењето на исеченото јаболко или `рѓосувањето на железото е причина за сите хронични дегенеративни болести од коишто се плашиме, па дури и за самиот процес на стареење.

Кислородот е природно вклучен во процесот на формирање на слободни радикали. Слободните радикали настануваат кога храната ќе оксидира, односно додека создава енергија. При овој процес се создаваат слободни радикали, коишто се многу богати со молекули на кислород, а штетни за кожата и за телото воопшто. Овие слободни радикали се високо реактивни и токсични, и можат да започнат верижна реакција на површината на кожата, предизвикувајќи ѝ оштетувања. Обично тие се неутрализираат со антиоксиданси како витамините C, E, итн. Меѓутоа, кога телото е преплавено со слободни радикали, тие ги надминуваат антиоксидансите што се на располагање, што може да доведе до појавување на брчки врз кожата, слабо тонирана кожа, како и да биде поврзано со преканцерогени и канцерогени легии на кожата. Најчести причинители на слободни радикали се вишокот сонце, пушењето, стресот и вгоеноста. Најдобар начин за борба против слободните радикали е со помош на природните антиоксиданси или додатоци, како и актуелните антиоксидантни кремови или лосиони. Затоа, надзорот на OS е од клучно значење во полето на убавина и против стареењето.

Да го разгледаме стареењето на нашата кожа. Оксидативниот стрес е причина за брчките, опуштена кожа и старечки дамки. Следниот пат кога ќе бидете опкружени со поголем број луѓе на различна возраст, внимателно набљудувајте ги промените што се забележливи на нивната кожа. Стареењето е процес што сите ние го земаме здраво за готово, но кога повнимателно ќе споредите лице на бебе со она кај старците, ќе ги забележите запрепастувачките последици од изложувањето на нашиот најголем орган на полутантите во воздухот, сонцето и тутунскиот чад. Стареењето на кожата е надворешна манифестација на оксидативен стрес, и на тоа што се случува во внатрешноста на секоја клетка во телото.

Антиоксидансите се соединенија што ги неутрализираат слободните радикали, со употреба на различни механизми. Најпознати природни антиоксиданси се витаминот C, витаминот E, бета-каротенот и селенот.

Научните истражувања покажуваат дека пред сè, витаминот C го смалува бројот на абнормални клетки што се создаваат по изложување на сонце и ја редуцира штетноста од UV зрачењето врз ДНК. Витаминот C ја штити влажноста на кожата, витаминот Е ја штити мембраната од пероксидација на липидите (масни киселини), што први ги впиваат слободните радикали. Селенот активира два клучни ензими, коишто имаат важна антиоксидантна улога во клетките, а кои ја штитат и ја закрепнуваат ДНК. Каротенотидите се општо познати по својата улога во превенцијата и лечењето на ракот.

Одредени стручњаци докажаа дека кога антиоксидансите се нанесуваат локално, нивното ниво во епидермисот и дермисот значително расте и со тоа не само што ја штитат кожата од акутни и хронични фото-оштетувања, туку ги преобратуваат манифестациите на стареење на кожата.

На крајот, ОS на кожата е многу комплексна тема и дел е од многу биохемиски процеси. Не можете да бидете добро заштитени ако користите само еден антиоксиданс во рамки на дневната нега. Само комплекс од антиоксиданси може да ги прекине главните процеси на оксидација на стрес под површината на кожата. Со употреба на козметички препарати со широк спектар на природни антиоксиданси, во зависност од исхраната и земањето суплементи, може значително да се подобри здравјето на кожата. Ова вклучува и редовно следење на индивидуалното ниво на ОS и смалување, односно одржување на неговото ниско ниво.


Влијание на оксидативниот стрес врз кожата: стареење

Кожата е најголем орган во човечкото тело, нејзината тежина е околу 4,5 кг и покрива површина од 1,5м2. Генерално, кожата ја сфаќаме како здраво за готово и слабо водиме грижа за неа. Кожата ги штити внатрешните органи од штетните влијанија од надворешниот свет. Кожата нè штити од топлина, студ и физички повреди. Исто така, овозможува детекција на важни информации за природата на надворешниот свет и претставува прва одбранбена линија од бактериите, вирусите и од другите штетни елементи. Таа исто така е екскреторен орган, којшто ги отстранува токсините од телото преку потењето.


1 2 3 4 5 6 7 8 9 следна