Здравје без цензура - Оксидативниот стрес и убавината

назад

претходна1 2 3 4 5 6 7 8 9

10. Липоинска киселина. Позната како природна супстанција што се наоѓа во храната и се произведува во човековото тело. Поседува низа импресивни, потенцијално ефикасни механизми на дејствување: моќен и сестран антиоксиданс; спречува вкрстено спојување што го мотивира процесот на стареење, со тоа придонесувајќи кон стврднувањето на артериите, создавањето на брчки на кожата и вкочанетост на зглобовите; поседува благо инфламаторно дејство; и конечно има моќ, иако скромна, да ги неутрализира и отстрани разните отровни метали од организмот. Сите овие ефекти на липоинската киселина им помогнуваат на клетките на кожата и поради тоа, ја подобруваат нејзината текстура и брчките. Во една студија од мал обем, висок потенцијал на липоинска киселина ги намалуваат благите - умерени брчки и до 50%, поради што фините линии речиси и да исчезнале. Во друга студија, липоинската киселина значително ја намалила појавата на одредени лузни. Во двете истражувања ефикасноста варирала во однос на разните учесници, од умерена ефикасност до забележителни подобрувања. Сепак, ова не ја дисквалификува липоинската киселина како кандидат за „лек против брчките“, Дури и добро утврдените третмани против брчки имаат тенденција да произведат разновидни резултати кај различни луѓе. Во случај понатамошните истражувања да ги потврдат ефикасните својства на липоинската киселина, таа може да стане една од главните темели во борбата против стареење и нега на кожата на денешнината.

[1] 2° Меѓународен конгрес за превентивна медицина и здраво стареење, април 2007, Италија

претходна1 2 3 4 5 6 7 8 9