Здравје без цензура - Оксидативниот стрес и убавината

назад

претходна1 2 3 4 5 6 7 8 9 следна

Кај младата кожа се гледа избалансираната композиција и дистрибуција на типовите на клетки, вклучувајќи ги кератиноцитите од слоевитиот епидермис (E), меланоцитите налегнати на базалната мембрана (BM), фибробластите во дермисот (D) и различните компоненти на матриксот.

Кожата со внатрешно стареење е сува и задебелувањето кај колагенот и еластинот е во подем. Се намалуваат структурните компоненти на вонклеточниот матрикс, како внатрешниот колаген и еластин, а се зголемува количеството на вкрстени врски кај колагенските влакна. Вкупната бројност на фибробластите се намалуваат и се разоткрива барем делумно старосен морфолошки и функционален фенотип.

Кожата со фото-стареење, често прикажува хиперплазија, со засилено задебелување на рожестиот слој (H), епидермисот (E) и дермалниот дел. Епидермисот се карактеризира со акантоза и блага хиперкератоза, која клинички се одразува како грубост и сувост. Распространувањето на меланоцитите станува нехомогено, што доведува до промена на пигментите, почнувајќи од пигментираните дамки (сончеви лентигини) до хипопигментирани површини на кожата. Бројноста на влакнестите утврдувања што го спојуваат епидермисот со дермисот се смалува, како и внатрешниот колаген, којшто е многу оштетен. Зачестеното изложување на сонцето доведува до воспаление (хелиодерматитис), со порастот на бројот на инфламаторните клетки.

Затоа, слободните радикали произведени под влијание на сончевата светлина, ги оштетуваат колагенот, меланоцитите и влажноста на кожата, што доведува до создавање на брчки, кожа што виси, нееднаква боја на кожата и груба и сува текстура.

Покрај изложувањето на сонце, што претставува главен причинител на прераното стареење на кожата, постојат и други стресни фактори на околината. Загадувачите на воздухот/полутантите ја оштетуваат кожата, со стимулирање на производство на слободните радикали и штетните влијанија на UV зрачење. Суровите временски услови (сувиот воздух, ветерот и студот) ја исцрпуваат кожата, која ја губи својата влажност, што доведува до груба текстура и појава на фини, суви линии. Тутунскиот чад го стимулира производството на слободни радикали и го спречува производството на колаген и еластин. Цигарите исто така значително го спречуваат дотурот на кислород во клетките на кожата.

Уште еден природен фактор што ги поттикнува слободните радикали, а тие ја оштетуваат кожата, е озонот (O3), присутен во атмосферата. Озонот во стратосферата претставува заштитен фактор против UV зрачење. Меѓутоа, кога е присутен во тропосферата, станува високо реактивен полутант и претставува важен извор на оксидативен стрес во околината, кој влијае на животот на копно. Кожата претставува место на одвивање на константна апсорпција (градски услови) на оксидантни полутанти, но неможноста на O3 да продре длабоко во ткивото (незабележано може да помине низ биполарната мембрана), е противречно со познатите придружни ефекти. Интересно е дека улогата на продуктите на липидната озонизација во проинфламаторните реакции најверојатно е улогата на трансмитер на озонот. Всушност, предизвиканите оксидации се однесуваат како средни „секундарни гласници“ кои ја прогресираат штетата на макропротеините, изгледот и еластичноста на кожата (параметри што се директно поврзани со стареењето на кожата).

OS и еластичноста на кожата

Колагенот е особено подложен на штетноста од слободните радикали, и кога штетата се реализира, протеинските молекули на колагенот се разбиваат, а потоа повторно се спојуваат на поинаков начин, односно во вкрстено спојување.

ostetena koza

Слика 2. Мрежа на колагени кај неоштетена кожа (лево), и кај кожа оштетена со сончеви зраци (десно).

Вкрстеното спојување на колагенот предизвикува крутост и смалување на подвижноста, којшто е многу подвижен колаген. Сончевата светлина ги активира молекулите преносители во клетките на кожата, кои формираат инфламаторни продукти. Научниците докажаа дека повеќекратните ограничени изложувања на UV зраци, доведуваат до траен пораст на количеството на ензими кои го разградуваат колагенот во кожата и придонесуваат за фото-стареењето. Затоа, фото-старата кожа се одликува со брчки и млитавост. За разлика од неа, хронолошки старата кожа што била заштитена од сонцето, е тенка и слабо еластична, меѓутоа, е мазна и без флеки.

Кај фото-старата кожа се отсликуваат истакнатите промени во клеточните компоненти и вонклеточниот матрикс на сврзното ткиво. Изложувањето на UV зрачење, доведува до акумулација на неорганизиран еластин и сериозни загуби на колаген, којшто е главен структурен протеин на дермалното сврзно ткиво. Обединетите патогени средства на овие промени се слободните радикали создадени под влијание на UV зрачење. Покрај тоа што предизвикуваат трајни мутации на гените, слободните радикали активираат сигнални трансдуктивни врски, поврзани со растот, раслојувањето, стареењето и деградацијата на сврзното ткиво.

претходна1 2 3 4 5 6 7 8 9 следна