Здравје без цензура - Оксидативниот стрес и убавината

назад

претходна1 2 3 4 5 6 7 8 9 следна

Кожата се состои од 2 главни слоеви: дермис и епидермис.

Дермисот е внатрешниот слој на кожата, кој содржи нервни влакна, клетки со масти, крвни садови, потни и лојни жлезди и фоликули на влакна. Потните и лојните жлезди во дермисот, го штитат надворешниот слој на кожата со тенок слој на масло и пот. Дермисот исто така содржи колаген и еластин, 2 протеини кои ја сочинуваат структурата и еластичноста на самата кожа. Овие протеини се субјекти во процесот на стареење.

Епидермисот е последниот, надворешниот слој на кожата. Новите клетки произведени во дермисот во континуитет го менуваат овој слој. Отстранувањето на епидермисот, со повреда или изгореница, го открива незаштитениот и чувствителниот дермис, кој е под епидермисот. Епидермисот исто така содржи и меланоцити или пигментни клетки. Овие клетки произведуваат меланин, кој ја одредува бојата на кожата (наследен фактор).

Постојат 2 различни типа на стареење во организмот. Стареењето предизвикано од генетското наследство е т.н. внатрешно стареење. Вториот тип на стареење е т.н. надворешно стареење, предизвикано од надворешните услови на околината, како изложувањето на сончеви зраци.

Внатрешно стареење

Внатрешното стареење, познато како природен процес на стареење, е континуиран процес, којшто почнува во раните 20-ти години. Во рамки на кожата, производството на колагени се забавува, а еластичноста на еластинот, супстанцијата што ѝ овозможува на кожата да се врати на место, се намалува, мртвите клетки на кожата веќе не се менуваат често како порано, а и создавањето на нови клетки на кожата полека опаѓа. Иако наведените промени почнуваат во раните 20-ти години, очигледните знаци не се видливи со децении. Знаци на внатрешно стареење се:

1. Фини брчки.
2. Тенка и проѕирна кожа.
3. Губење на потпорни масти, што доведува до тоа образите да упаднат во очните празнини, како и забележителна загуба на цврстината на кожата на шаките и вратот.
4. Коските се одвојуваат од кожата поради смалување на коските, што доведува до вишок на кожа што виси. 5. Сува кожа што предизвикува чешање.
6. Недоволно потење што ја оладува кожата.
7. Коса што побелува и на крајот станува бела.
8. Губење на коса.
9. Несакани влакна.
10. Плочката на ноктите се смалува, исчезнува полумесечината и се развиваат бразди.

Гените се тие што контролираат со која брзина ќе се развива природниот тек на стареење. Кај некои првото побелување на косата е во раните 20 години, додека пак други не забележуваат побелување сè до 40-тата.

Надворешно стареење

Одредени надворешни фактори често се појавуваат заедно со вообичаениот процес на стареење и трајно ја стареат кожата:

• Изложување на UV зрачење
• Пушење
• Полутанти, загадување
• Умор
• Штетни хемикалии

Предвременото стареење е главно предизвикано од изложување на сонце.

Фото-оштетување

Сончевата светлина, заедно со животот во атмосферата, која е богата со кислород, предизвикува несакан и штетен притисок врз кожата. Најсериозна последица од фото-оштетувањето е ракот на кожата. Помалку сериозните промени настанати со фото-оштетувања, доведуваат до брчки, лупење, сушење и појава на дамки, промени кои се состојат од хиперпигментација и хипопигментација. Впивањето на ултравиолетова (UV) сончева светлина во хромофорите (ендогени фото-сензитивни молекули) ги поттикнуваат фото-хемиските реакции во кожата, кои доведуваат до промени во ДНК, вклучувајќи ја оксидацијата на нуклеинските киселини. Оксидативните реакции исто така ги модифицираат протеините во липидите, што доведува до промена во функциите. Нивната акумулацијата може да доведе до стареење на ткивата.

претходна1 2 3 4 5 6 7 8 9 следна