Здравје без цензура - Оксидативниот стрес и убавината

назад

претходна1 2 3 4 5 6 7 8 9 следна

Разни овошја и зеленчуци, како и други растенија, содржат антиоксиданси – вклучувајќи ги кромидот, доматот, лукот, рузмаринот, грозјето и калинката – но развиени се и суплементи/ додатоци на исхраната што исто така ги содржат неопходните антиоксиданси. Откриено е дека комбинацијата на одредени антиоксиданси, даваат подобри резултати од поединечното внесување на секое од нив. Витаминот E, на пример, има посилен ефект кога се зема со домат, затоа што според зборовите на научниците, доматот содржи бета-каротен, ликопен и одредени флавоноиди, кои реагираат со витаминот E и ја зголемуваат ползата. Различни истражувања изведени врз животни и луѓе, докажаа дека антиоксидансите со мала молекуларна тежина, особено витамините C и E, како и алфа-липоичната киселина, манифестираат заштитни својства во однос на штетноста на слободните радикали. Витаминот C е еден од најзастапените состојки за нега на кожата. Разните производи за подмладување на кожата/против брчки со витаминот C, имаат изненадувачко дејство. Од една страна, витаминот C дефинитивно ги поседува научно потврдените заслуги во редукција на брчките и подмладувањето на кожата. Од друга страна, многу производи што содржат витамин C не дејствуваат секогаш. Потенцијално, витаминот C може да користи за кожата на два многу важни начини. Прво, витаминот C е клучна состојка во синтезата на колагенот, клучен структурен протеин на кожата. Второ, витаминот C е антиоксиданс што помага во ублажувањето на штетноста на слободните радикали. Затоа, кога витаминот C ќе се доведе правилно до клетката на кожата, постојат големи шанси за намалување на брчките и подобрување на текстурата на кожата. Постојат, сепак одредени сложени околности што произведувачите често ги занемаруваат. Прво, витаминот C е релативно нестабилен. Во присуство на воздух или друго оксидативно средство, тој лесно оксидира. Оксидираниот витамин C не само што не е способен да ја поттикне синтезата на колагените или да ги уништи слободните радикали, туку е во состојба дури и да го поттикне производството на слободните радикали, така причинувајќи поголема штета. Кај лошите производи за нега на кожата, витаминот C може да оксидира и пред првиот пат да го нанесете. Второ, само концентрираните препарати (10% и повеќе) им овозможуваат на клетките доволно количество витамин C за ефикасно локално нанесување. Затоа, при изборот на производи со витамин C, многу е важно да се набави откај проверен набавувач, со задолжителна проверка на рокот на истекување на трајноста.

На крај, AOs:

• Помогнува да се намалат фините линии и брчки.
• Помогнува за оптимално природно лупење на кожата.
• Помогнува да се заштити кожата од UV зрачење и воспалителни реакции предизвикани од UV зрачење.
• Помогнува побрзо да зараснат раните.
• Помогнува во превенцијата и намалувањето на лузните.
• Витаминот C е основна состојка во биосинтезата на колагенот (сврзното ткиво на кожата), што помогнува за еластичноста и постојаноста на кожата.
• Витаминот C ја поттикнува биосинтезата на еластинот и затоа може да биде корисен за намалувањето на таложењето на еластинот, кај кожата со фото-стареење.
• Витаминот E помогнува за кожата да ја задржи мекоста и мазноста.
• Витаминот C ја намалува синтезата на пигментите, што помогнува за отстранување на старечките дамки.
• Витаминот E ја штити липидната структура (stratum corneum), како и протеините од оксидација. Поради липофиличната природа на витаминот E, тој е особено ефикасен во нанесувањето и брзото впивање во кожата.
• Оралната комбинација на витамините C и E во големи дози, обезбедува заштита од еритема предизвикана со UV зрачење.

Дополнителни примери што можете да ги усвоите како превенција од оштетувања на кожата:

1. Доматот како заштита од сонце. Ликопенот, како релативна новина во светот на негување на кожата, припаѓа во класата на соединенијата т.н. каротени. Каротените се растителни пигменти што поседуваат одредена хемиска структура и обично имаат боја во опсег од портокалова - црвена - кафеава. Различни каротени во различна мера можат да ги онеспособат слободните радикали и да ја блокираат видливата и UV светлината. Ликопенот е можеби најдобриот од сите каротени во уништувањето на слободните радикали – барем двојно поефикасен антиоксиданс, како и бета каротенот. Изминатите години, бројни истражувања покажуваат различни ползи за здравјето, вклучувајќи го и намалувањето на ризикот од рак, срцевите заболувања и другите хронични болести. Покрај заштитата на клетките од штетноста од слободните радикали, ликопенот има и други ефикасни дејства, како подобрување на функциите на споевите од клетка на клетка и на некои аспекти од клеточниот метаболизам. Бидејќи тој е растворлив во мастите, ликопенот е особено ефикасен кај ткивата со висока концентрација на масти и липиди. Кожата, како орган богат со липиди, има голема корист од зголемената активност на антиоксидансот ликопен. Теоретски, способноста на ликопенот да ги регулира споевите од клетка на клетка, овозможува дополнителна корист во подобрувањето на текстурата на кожата. Способноста на ликопените да ја блокираат UV светлината е уште едно добро својство за кожата. Сепак, ликопенот има SPF околу 3, што е малку за заштита од директното влијание на сонцето или некое агресивно изложување на UV зраци. Од другата страна, доволно е да се намали влијанието на индиректната сончева светлина што поминува низ прозорското стакло. Како многу други неинвазивни третмани можете да го нанесете или внесете. Најдобар извор на ликопени во храната е доматот. Сепак има трик. Кај свежиот домат, ликопенот е цврсто врзан за влакната што не се варат. Затоа, консумирањето на свеж домат обезбедува релативно мало количество на био-расположив ликопен. Зготвениот домат, како во пастата или во сосот, се многу подобар извор на ликопени за кожата. По нанесувањето, ликопенот се разнесува по целото тело и само релативно мало количество си го наоѓа својот пат до кожата. За среќа, кожата лесно го впива по локалното нанесување (на пр. со крем или лосион), затоа што се растворува во мастите и има релативно мали молекули. Единствено потенцијално лоша страна на локалното нанесување на ликопени е добивањето боја (во опсег портокалова- црвена - бронзана).

претходна1 2 3 4 5 6 7 8 9 следна