Здравје без цензура - Оксидативниот стрес и убавината

назад

претходна1 2 3 4 5 6 7 8 9 следна

Затоа, изложувањето на кожата на UV зрачење предизвикува оштетување на ДНК, оксидативен стрес и нерамнотежа во одбраната на антиоксидантниот систем на ензими на изложените површини на кожата на телото. Главната улога на кожата е да обезбеди заштитна обвивка помеѓу надворешноста и внатрешноста. Само неколку минути дневно изложување на сончеви зраци без заштита може да предизвика очигледни промени на кожата. Изложувањето на сонцето предизвикува создавање на дамки, вени како пајажини на лицето, груба и крута кожа, фини брчки што исчезнуваат при затегнување на кожата, опуштена кожа што виси, избелена кожа, актинска кератоза (тенки брадавичести, груби црвеникави површини на кожата) и рак на кожата.

Координирано функционирање на разгранетите епидермални и дермални клетки, им овозможува на одбранбените системи на кожата да реагираат брзо и ефикасно, на широк спектар на напади од околината насочени кон надворешноста на организмот. Факторите на околината го стимулираат повратниот систем на кожата, преку нивните оксидативни својства. Притоа, изложувањето на кожата на UV зрачење доведува до создавање на ROS, кој развива оксидативен стрес, и тоа во оној момент кога неговото формирање ќе ја надмине способноста на кожата да се одбрани со помош на антиоксидансите. За среќа, кожата произведува широк спектар на поврзани механизми на антиоксидантна одбрана, за да се заштити од штетата нанесена од ROS, а предизвикана од UV зрачење. Антиоксидансите играат значајна парцијална, а многу често и главна улога во закрепнувањето на кожата и во превенцијата од фото-биолошките оштетувања. Сепак, капацитетот на овие детоксикациски премини не е неограничен, и може да биде преплавен со претерано изложување на UV зраци. UV зрачењето ја троши активноста на супероксидите на дисмутазата и аскорбатот, како и резервите на глутатион во кожата. Тоа укажува дека хроничното или претераното изложување на UV зрачење, доведува до нарушувања кај кожата.

Терминот „фото-стареење“, дерматолозите го користат за опишување на стареење предизвикано од изложување на сончеви зраци. Количеството фото-стареење коешто се развива зависи од:

1) индивидуалната боја на кожата
2) историјата на долготрајно или интензивно изложување на сонцето.

Луѓето со бел тен, кои имаат историја на изложување на сонце, развиваат повеќе знаци на фото-стареење од тие коишто имаат темен тен. Кај тие со најтемен тен, знаците на фото-стареење главно се задржува на фини брчки и избелени делови. Фото-стареењето се развива со годините. Со зачестеното изложување на сонце, кожата ја губи способноста на самозакрепнување и штетноста се акумулира. Научните истражувања покажуваат дека зачестеното изложување на UV зраци, го нарушува колагенот и ја спречува синтезата на нов колаген. Сонцето исто така го напаѓа еластинот. Кожата ослабена од сонцето, многу порано старее од онаа што е заштитена од UV зраци. Незаштитена од сончевата светлина, кожата се опушта, станува лабава и крута.

koza

Слика 1.Шематски приказ на карактеристични обележја на млада, на кожа со внатрешно и со фото-стареење.

претходна1 2 3 4 5 6 7 8 9 следна