Здравје без цензура - Оксидативниот стрес и убавината

назад

претходна1 2 3 4 5 6 7 8 9 следна

2. Мармаладот како противотров за рак. Истражувачите од Универзитетот Аризона беа запрепастени кога сознаа дека консумирањето на кора од портокали и грејпфрути (не сокот ниту пулпата) еднаш неделно кај 37% субјекти што учествуваа го намалува ризикот од создавање лушпести клетки при рак на кожата за една третина. Можна причина: висока концентрација на антиоксиданси d-лимонен во маслото на кожата, која влегува во кожата на консументот.

3. Суви сливи во борбата против ракот. Неверојатната студија спроведена над голема група постари Грци, Швеѓани и Австралијци, покажува дека тие кои јаделе суви сливи, јаболка, зеленчук, маслиново масло, риба и мешункасти производи, имале значително помалку брчки и оштетувања на кожата од сонцето од тие кои јаделе доста месо, путер, маргарин и млечни производи. Сувите сливи имаат поголема концентрација на заштитни антиоксиданси, од кое да било овошје.

4. Лососот како затегнувач на кожата. Во “Периконов рецепт”, на Николас Перикон, M.D., се советува дека со консумирање 8-12g риба дневно, првенствено лосос, како дел од „нутритивното затегнување на лицето” . Тој вели дека омега-3 маслото од лососот, се бори со воспаленијата што поттикнуваат брчки и “ја гои кожата”. Рибиното масло навистина дејствува ветувачки за кожата. Во едно британско истражување, земање 4000mg омега-3 дневно, во траење од 3 месеци, ја намалува штетноста за 30%. Дозата е еквивалента со дневно консумирање на 12 лососи.

5. Чај против рак на кожата. Чајот е моќен извор на полифеноли, кои ја сочинуваат 30-35% од сувата тежина на листот. Полифенолите од чајот се детално проучувани поради својот антиканцероген потенцијал. Зелениот и црниот чај според дејството се еквивалентни на чајот без кофеин, кој пак е уште помалку ефикасен. Полифенолите во чајот се силни AOs: тие ја задоволуваат потребата за кислород, радикал супероксид, хидроксилен радикал, хидроген-пероксид и пероксилен радикал. Тие исто така соработуваат со витаминот E, земајќи го него од неговиот оксидативен продукт. Постојат бројни охрабрувачки студии за ефикасноста на зелениот чај за доброто на кожата. Студии спроведени врз животни укажуваат на заштита од ракот на кожата. Истражувања спроведени врз животни, како и врз луѓе, покажале дека локалните формули на зелен чај ја намалува штетноста од сонцето. Изгледа дека зелениот чај ја спроведува заштитата од сонцето преку уништувањето на слободните радикали и намалување на воспалението, место блокирање на UV зраците. Затоа, зелениот чај може значително да ја унапреди заштитата од сонцето, со негова примена во кремовите за сончање. Земајќи ги предвид документираните податоци за неговите антиоксидативни и анти-инфламаторни активности, локалното нанесување на полифеноли од зелениот чај, најверојатно ќе го забават развојот на некои знаци на стареење.

6. Масло од кучешки трн/ Rhamnus intermedius (хрв. кркавина). Многу богат и добар извор на природни антиоксиданси. Улогата на ова масло во заштита/лечење на кожата е огромна. Таа засега е и единствената позната билка што содржи разновидни антиоксиданси, како витамин E и неговите деривати, витаминот C, бета-каротен и останати каротени, како што се ликопен и селен. Расте како дива грмушка на надморска висина од 1200-4500 метри во сурови климатски услови и е традиционална билка во многу европски и азиски земји. Нејзината популарност брзо расте и во САД, затоа што се зголемува побарувачката за билки богати со конституенти за прехранбената и козметичката индустрија. Многу се цени нејзината исцелувачка моќ. Маслото се користи за различни кожни заболувања како: егземи, изгореници, рани, штети настанати со UV зрачење. Козметичките производи и производите за нега на кожата направени со кучешки трн се ценети поради нивната моќ за подмладување, закрепнување и моќта против стареење. Овие квалитети се главно во согласност со антиоксидативната способност.

7. OPC. Повеќето таблети содржат антиоксиданспроантоцијанидин или OPC. Тој е еден од најмоќните антиоксиданси. OPC се наоѓа во многу билки, многу е био-расположив и активен во телото како неверојатно силен антиоксиданс борбата против слободните радикали. Овој силен антиоксиданс го штити колагенот, кој е основа на крвните садови на сите сврзни ткива, кои ѝ помагаат на кожата да ја задржи постојаноста и младешкиот изглед.

8. Ретинол A. Витаминот A функционира преку својот активен метаболит (биохемиски дериват) т.н. ретинолска киселина. Само ретинолската киселина има директно влијание врз клетките на кожата и може да го врати нивниот метаболизам во помлада состојба. Всушност, ретинолската киселина или третоноинот, е активна состојка во некои од најпознатите кремови против брчки. Односот на претворување на ретинол во ретинолска киселина е мал, така што релативно големо количество ретинол мора да се внесе во клетката за да се постигне некаков ефект. Од другата страна, кремот што содржи превисока концентрација на ретинол иритира исто колку и ретинолската киселина. Покрај тоа, ретинолот е релативно нестабилен така што повеќето кремови ја губат моќта при стоењето и при употребата. Постојат нови технологии што помогнуваат да се зголеми количеството на ретинолска киселина во клетките со ограничување на иритацијата врз кожата. Ретинол палмитат е подобра алтернатива од ретинолот, зашто помалку иритира и може да се користи во повисоки концентрации од ретинолот. Уште едно унапредување што се однесува до ретинолот или ретинол палмитатот е што полесно продира во кожата. Ова е можно, на пример, со хемиска модификација или унапредување на ретинолот или ретинол палмитатот во специјалните носители честички, како мицел или липозом.

9. Силимарин. Силимаринот е екстракт од билката млечен чичок, Silybum marianum. Млечниот чичок ѝ припаѓа на фамилијата astеr (српски - лепа ката) во која спаѓаат и белите ради, чичокот и артичоката. Силимаринот се состои од мешавина од 3-флавоноиди од овошје, семки и лисја од растението млечен чичок. Поседува силен AO ефект: ја спречува пероксидацијата на липидите, ја спречува LDL оксидација предизвикана од бакар и ги уништува ROS.

претходна1 2 3 4 5 6 7 8 9 следна