Здравје без цензура - Оксидативниот стрес и убавината

назад

претходна1 2 3 4 5 6 7 8 9 следна

Предности на антиоксидансите за кожата

antioksidanti na delo

Кожата природно се потпира врз антиоксидансите (AOs) за да се заштити од оксидативниот стрес, сончевата светлина и загадувачите. Релативната симфонија на ензимските и не-ензимските AOs и нивната меѓусебна интеракција обезбедуваат одбрана. Не-ензимските AOs ја штитат кожата од оксидативниот стрес, а бидејќи се трошат во текот на процесот, се препорачува резервно додавање со нанесување на AOs директно на кожата. Иако AOs можат да се обезбедат преку храната и додатоците во исхраната, физиолошките процеси како апсорпцијата, растворливоста и транспортот, го ограничуваат количеството што доаѓа до самата кожа. Директното нанесување има предност во прецизното снабдување на оние области од кожата каде што е потребна заштитата. За локалното нанесување на AOs да биде успешно, сепак, мора да се заобиколат одредени препреки. AOs се соединенија нестабилни сами по себе; затоа е неопходно да се сведат на состав прифатлив за козметички цели. Покрај тоа, многу AOs се силно обоени, што придонесува за комплексноста на производството на прифатлив естетски производ. За заштита на подлабоките слоеви на кожата, AOs се прилагодуваат така што да можат да стигнат до нив. Концентрациите мораат да бидат приспособени и доволни, за да стигнат до најдлабоките нивоа на кожата. Конечно, AOs мораат да поседуваат и фото-заштитни ефекти, како и својство да влијаат врз смалувањето на еритемата и евентуално, на промените во вид на рак на кожата и фото-стареење.

Еден од начините за намалување на влијанието на непријателите на кожата е зголемување на нивоата на заштитни антиоксиданси преку исхраната богата со овошје и зеленчук, или директно со локално нанесување со избегнување пушење. Комбинирање на локалното и оралното внесување, најверојатно претставува водечки терапевтски пристап во блиската иднина. Бидејќи кремовите за сончање се „златниот стандард“ за заштита на кожата од фото-оштетувањата, секогаш треба антиоксидансите да бидат искомбинирани со нив, за да се постигне целосно заштитно дејство.

претходна1 2 3 4 5 6 7 8 9 следна