Здравје без цензура - Оксидативниот стрес и убавината

назад

претходна1 2 3 4 5 6 7 8 9 следна

Оксидативен стрес и дамки

Старечките дамки (т.е. дамки на црниот дроб или соларниот лентиго) се збир пигменти, кои се последица од изложувањето на сонце. Тие исто така можат да бидат трага што останува по модринка во облик на пигмент. Тие се најчести кај луѓе постари од 55 години. Обично се појавуваат на рацете, но и на било кое друго место, особено на површините што се изложувани на сонце, како лицето, грбот, раката, ногата и рамената. Избегнувањето на сонце и употреба на крем за сончање со заштитен фактор, помага да се намали можноста да се појават лентигини и дамки. Дамките на црниот дроб се поинакви од обичните дамки. Дамките настануваат од пигментите меланин, кои реагираат на сонце кај луѓето со бел тен. Дамките на црниот дроб се последица на пигментот "цероид", кој се наоѓа во кожата на постари лица. Тие се надворешна манифестација на деструкцијата на слободните радикали во внатрешноста на организмот.

Пероксидацијата на маста се одвива во клетките место во црниот дроб. Штетата што ја нанесуваат слободните радикали се производи од отпаден материјал во клетките на целиот организам, вклучувајќи ги мозокот и црниот дроб. Причина за тоа се лошата исхрана, консумирање на расипана (жегната) маст, недостаток на физичка активност, претерано изложување на сонце, автоинтоксикација и мрзлив црн дроб.

Оксидативниот стрес и витилиго

Витилиго, или леукодерма, е кожно заболување при кое кожата ги губи пигментите во одредени области, што доведува до појава на бели дамки или флеки, но и покрај тоа кожата има нормална текстура. Може да се појави на која било возраст. Иако е прогресивно, ова заболување кај многу луѓе мирува со години, дури и со децении, и притоа не им се појавува ниедна дамка. Вистинската причина за витилиго не е јасно дефинирана; постојат многу фактори што доведуваат до ова заболување. Склоноста кон витилиго, според мислењето на многумина, е генетски наследена, затоа што често, иако не секогаш, е во семејството. Стручњаците сметаат дека витилиго е автоимуно заболување, што значи дека имуниот систем се врти против сопствените клетки или ткива, во овој случај меланоцитите (пигментните клетки што на кожата ѝ даваат боја). Витилиго не е одраз на слаб имун систем, туку на систем што не функционира како што треба или е едноставно запоставен. Останатите стручњаци се фокусираат на исхраната и внатрешната патогена, како поттикната пролиферација. Заболувањето нема дополнително влијание врз телото, освен очигледните психолошки и социјални влијанија врз животот на заболените. Најновите истражувања покажуваат дека во коренот на проблемот на заболените од витилиго лежи преголемото количество хидроген-пероксид во кожата. Затоа, OS доведува до појава на витилиго. Очигледно е дека пациентите заболени од витилиго немаат соодветен ензим (или потребно количество) за разбивање на хидроген-пероксид што секако се таложи во кожата. Значи, недостатокот од ензимот каталаза може да биде причина за витилиго.

Оксидативниот стрес и целулитот

Целулитот настанува со постепено пропаѓање на циркулаторниот систем под кожата. Тој е првата манифестација на посериозен проблем: почеток на широко распространетото оштетување на циркулаторниот систем на организмот. Ова е основната причина за стареење и разни болести. Еден од главните фактори, што придонесува да се оштети циркулаторниот систем е присуството на вишокот на слободните радикали во организмот. Слободните радикали, заедно со другите високо реактивни соединенија, се наоѓаат ширум целиот организам. Проблемот настанува кога се присутни во претерани количества.

Независно дали навистина создаваме вишок слободни радикали, или ги апсорбираме од храната или од околината, резултатот е секогаш ист: клеточните ѕидови слабеат и се оштетува генетскиот материјал на ДНК. Со текот на времето доаѓа до разбивање на циркулацијата, поради што се појавува целулит.

Слободните радикали учествуваат во физиопатолошките процеси и во хроничните болести, вклучувајќи и PEFS (oedematous-fibrosclerotic-panniculopathy).

Во студијата „Квантитативна проценка на лечење PEFS Termotonom Plus и мерење на оксидативниот стрес”[1], изведена на U.O. Пластична хирургија, DICMI, универзитетот во Џенова, испитани се различни нивоа на слободните радикали поради процени на ефикасноста на радиофреквенциите во комбинација со електро-масажа со ниски фреквенции, во лечењето на целулитот.

Нивото на оксидативниот стрес во ткивото е измерено со помош на тестот FORT (FORM Plus, Catellani grupa), којшто во рок од неколку минути и врз основа на една капка крв, обезбедува резултати.

Истражувањата покажуваат намалување од 27% на концентрацијата на локалните хидро-пероксиди, пред и по третманот (пред 330 FORT единици, по 240 FORT единици).

Намалувањето на локалните хидро-пероксиди е во согласност со зголемувањето на облевањето на третираната област. Очигледно е дека надгледувањето на OS кај поединци со целулит е основата за одржувањето на целулитот под контрола, со цел да се има гарантиран успех на третманот.

претходна1 2 3 4 5 6 7 8 9 следна